Надворешна политика
Максути: Клучни приоритети за Македонија се членството во НАТО и ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/nato20samit20simulacija.jpg)
Под покровителство на Евроатлантскиот совет, Министерството за одбрана и НАТО–одделот за јавна дипломатија, во вторникот во Скопје се одржа „НАТО–студентската симулација“, која е дел од манифестацијата Месецот на НАТО.
„Клучните надворешни и одбранбени приоритети на Република Македонија се членството во НАТО и ЕУ. Македонија е целосно подготвена да ги преземе обврските кои произлегуваат од членството во НАТО-Алијансата која претставува клучен столб на современата безбедносна архитектура“, изјави заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, на отворањето на студентската симулација.
Заменик-министерот, пред студентите, претседателот на Евроатлантскиот совет Исмет Рамадани и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетанот Румен Радев, посочи дека Македонија е инволвирана во сите НАТО механизми, со цел унапредување на капацитетите на Армијата на Република Македонија согласно НАТО стандардите. Во моментов, додаде Максути, Македонија е во 17. циклус на акциониот план за членство, а инволвирана е и во процесот за планирање – ПАРП.
Во контекст на придонесот кон мирот и безбедноста, заменик-министерот потсети дека Македонија од 2002 година во меѓународни мировни мисии учествувала со над 3800 припадници на Армијата, како и дека во моментов придонесуваме со 39 војници и офицери во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Оваа симулација, заклучи заменик-министерот, претставува одлична можност за студентите кои се наши идни лидери, да ги истражат ставовите на НАТО и на земјите-членки за современите предизвици и да увидат како НАТО функционира.
„Вие сте тие кои ќе ги водат процесите во Македонија. Бидете ентузијасти, мотивирајте го и активирајте го општеството. Ширете го атлантицизмот“, им порача заменик-министерот Максути на студентите на симулацијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.