Забава
Во Германија потстанарот може да биде избркан од зграда ако пуши
Суд во Германија пресуди дека станар кој пуши во изнајмен стан од него може да биде исфрлен доколку чадот од станот се рашири низ заедничките делови од зградата.
Ваква одлука донесе окружниот суд во Диселдорф по тужбата на сопственичката на зграда во којашто живее Фридхелм Адолфс, на којашто другите станари и` се жалеле дека на басамаците можат да го намирисаат чадот од цигарите што ги пуши Адолфс.
Овој 74-годишен пасиониран пушач на судот изјавил дека неговиот стан не е херметички затворен и дека тој не може да биде виновен доколку чадот под вратата се провлекува на басамаците.
Судот во своите изјаснување објави дека не може да се бара другите станари да го трпат „неприфатливата и неподносливата“ смрдеа. Оттаму, како што се наведува во пресудата, Адолфс, кој во тој стан живее 40 години, од него може да биде исфрлен и покрај важечкиот договор за изнајмување. Пресудата не е правосилна, и овој станоизнајмувач, а тие во Германија се многу заштитена категорија, има право на жалба.
Истиот суд истовремено во своето образложение повторил и дека луѓето имаат основно право да пушат во своите сопствени станови.
Адолфс тврди дека го бркаат од станот за да може сопственичката поскапо да го изнајми. Тој во истиот стан пуши сите 40 години колку што и живее во него, а пушела и неговата почината сопруга.
Откако овој случај се појави на судот и во јавноста, Адолфс стана симбол на пропушачките групи во Германија. Дури тие собираа и пари за судските трошоци.
Иако во Германија е забрането пушењето на јавни места, таа е татковина и на многу познати и влијателни пушачи. Секако најпознат е случајот на поранешниот канцелар сега 94-годишниот Хелмут Шмид кој и денес бара да пуши додека го интервјуираат за телевизиите. Во едно интервју испушил дури 13 цигари пред камерите. По најавите дека Европската унија ќе ги забрани цигарите со вкус на ментол, Шмид се погрижил за своите резерви – купил 200 штеки и ги чува во својот дом./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.