Македонија
Досега најдени 63 угинати овци и кози, 12 свињи, 250 пилиња, 160 гулаби, говеда зајаци во поплавените подрачја
Досега од регионот на Стајковци и Сингелиќ најдени се и нештетно отстранети 63 угинати овци, и кози, 12 свињи, 250 пилиња, 160 гулаби, на 2 кучиња и 1 мачка, како и на 18 грла говеда, 1 јаре, и 6 зајци, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, во населените места Арачиново, Брњарци, Инџиково, Сингелиќ, Смиљковци, Стајковци и Страчинци и Црешово, евидентирани се вкупно 365 активни одгледувалишта ( каде што се чува жив добиток) со 2481 говедо, 3354 овци и кози. Од агенцијата апелираат сопствениците на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло на матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор или до Агенцијата за храна и ветеринарство. Сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи истите се потенцијален извор за појава и ширење на зарази.„Доколку имаат сознанија за угинато животно во поплавите, граѓаните потребно е да информираат дежурните официјални ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта 25 Мај во Сингелиќ и Кирил и Методиј во село Стајковци. Без оглед на тоа дали станува збор за крупен, ситен добиток или за угинати домашни миленици, истите се евидентираат по што се врши нивно подигање и закопување со соодветна механизација на локација која е одредена од страна на општините, која не претставува опасност ниту за животната средина ниту за луѓето“, се вели во соопштението./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.