Македонија
Иванов за Bild: Македонија повторно е оставена на цедило со бегалската криза

Во бегалската криза Македонија ги плаќа грешките на Европската унија. Ако требаше да се потпреме на Брисел, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти . 25 години сме лажени и манипулирани, вели претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за реномираниот германски весник „Билд“.
Според него морализирање и лицемерие е да и се замерува на Македонија. „Сé уште немаме добиено ниту евро од Европската унија, а потрошивме 25 милиони евра. Нам само ни се ветува помош“, вели претседателот Иванов во интервјуто. „Нé прашал ли некој како сме преживеале 25 години?“, вели шефот на македонската држава во разговорот со уредникот на Билд, новинарот, Кај Декман. Од Билд прашуваат како со цел да се запре приливот на бегалци Турција доби шест милијарди евра, а визите ќе бидат укинати, а истовремено Македонија треба да ја заврши „валканата работа” на ЕУ на границата со Грцијa и не добила ништо, дали се чувствува изигран?„Не е првпат Македонија да биде оставена на цедило од страна на ЕУ, тоа го знаеме многу добро. Кога за време на кризата во Косово примивме 360.000 бегалци никој не ни помогна. Затоа сега реагиравме проактивно – нашата армија ја штити нашата граница. Во бегалската криза, ние сега плаќаме грешка на ЕУ. Прогласивме кризна состојба и веќе се потрошени 25 милиони евра од парите на нашите даночните обврзници. И што добиваме од Европа? Ништо! Ни евро! Наместо тоа, ние сега како земја, која не е членка на ЕУ треба да се заштитиме од Грција, која е членка на ЕУ“, вели Иванов.Македонија не е членка ниту на Шенген зоната, но ја штити и границата на Шенген зоната…„Да, ние сме тука во Европа, но не сме во ЕУ. Не сме ниту членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната.А сепак ја штитиме Европа од европска земја, која не ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочува бегалците. Така што безедносниот аспект е целосно изгубена во очите на бегалската криза. Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти“, вели претседателот, кој дообјаснува дека пасошите и документите на мигрантите се фалсификувани или украдени, „а за 9.000 лица сме сигурни во тоа“. Од Билд заклучуваат дека и Германците треба да ѝ се благодарни на Македонија што ја затвора границата на радикализмот?„Во бегалската криза постојат хуманитарен аспект и безбедносен аспект. Од хуманитарен аспект Германија постапува многу добро. Но од безбедносен аспект вашата земја целосно потфрли. Само еден пример. Сакавме со Европа, но и со Германија, да ги споделиме нашите информации за наводни џихадисти. Но никој не ги сакаше нашите податоци. Ни беше укажано: Ние не можеме да соработуваме со вас, вие сте во трета земја, и не можеме да ги разменуваме нашите податоци“, вели Иванов, кој додава дека ни Германија не сакала да помогне?„Ни беше потребна опрема за земање биометриски податоци , но Германија не ги прифати нашите барања. Сепак, ние пронајдовме други земји кои ни помогнаа.Тоа е сосема апсурдно: Ние не сме загрижени, дури ни за пари, туку за безбедноста на целиот континент. Но, очигледно никој не е заинтересиран. Се запрашавме дури кога се случија нападите во Париз, и тоа отпосле. Тогаш, ние ги известивме властите дека десет лица влегле со ист идентитет како и на атентаторите“, вели Иванов.За тоа зошто Македонија не е на преговосите меѓу ЕУ и Турција, Иванов вели дека за жал не сме на масата, но сме на менито. „Ние секогаш сме биле жртви на институциите на ЕУ. 25 години сме лажени и манипулирани. Имаме веќе седум препораки за почеток на преговори со ЕУ, но и натаму сме попречувани од страна на Грција. Никој во ЕУ не може да се разбере со Грција, но ние мораме да го решиме спорот со нив“, додава претседателот.Иванов вели дека канцеларката Ангела Меркел со нејзиниот хуманитарен гест покажа храброст, но никој нема храброст сега да каже што понатаму, кога се знае дека само во Судан и Египет чекаат 20 милиони мигранти, кои сакаат да дојдат во Европа.За ситуацијата во Идомени, која се очекува да ескалира, на границата со Македонија, од Билд прашуват дали ќе се браниме поостро или само со солзавец.„Ние не сме ѕверови кои пукаат во бегалци од воени жаришта! Најпрво што треба, е да се погледне на грчката страна. Таму има полицајци на ЕУ, кои треба да ја стават ситуацијата под контрола. Но, тие очигледно не можат да го сторат тоа.Ако Македонија уште повеќе ја затвори границата, Иванов го упатува Билд да ги праша Грците што ќе се случи. „Тоа мора да ги прашате Грците!Тие сега ќе добијат уште 700 милиони евра од ЕУ, тие добиваат се што сакаат.Проблемот е што тие не прават ништо со тоа! Зошто тоагш постојат прифатни центри? Јас разбрав дека на Европа и е сеедно“.Впечаток е точно дека Вие сте навистина лути на ЕУ, вели новинарот од Билд ?„Што би направиле ако Вашата земја над 25 години на сите начини е попречувана, манипулирана и лажена? И покрај безброј позитивни извештаи се уште нема никаков напредок во однос на европската перспектива. Ние сме заглавени во лифт веќе 25 години“, додава Иванов.Интервјуто со претседателот Иванов го водеше токму главниот уредник на „Билд“, Каи Дикман, кој новинарската слава ја достигна откривајќи ја афера за финансиски криминал на некогашниот германски претседател Кристијан Вулф, поради која Вулф беше сменет од функција.Реномираниот новинар истовремено е член на извршниот одбор на турскиот весник Хуријет, и автор на многубројни публикации, во 2004 беше главниот уредник на мемоарите кои ги напиша поранешниот германски канцелар, Хелмуд Кол. Дикман е добитник на многу награди, меѓу кои Goldene Feder во 2000 и 2005 година, World Media Award за 2002 година, Blogger Newcomer of the Year за 2009 година како и наградата Media Man of the Year за 2009 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.