Забава
Јапонско патување во центарот на нужникот
Јапонија е позната по своите високо технолошки нужници, со затоплување, музика, но прашањето е што се случува кога ќе се пушти водата за да ги однесе фекалиите.
За љубопитните, одговорот на споменатото прашање го нуди изложбата поставена во националниот музеј на науките во јапонската престолнина во Токио, којашто нуди патување во внатрешноста на гигантски тоалет. Со шапки во форма на „гоненца“, децата можат да се поистоветат со нив и од врвот на џиновската шолја со висока пет метри да се спуштат со тобоган во внатрешноста на незаборавното и забавно „патување на гомненцето“. Забавна но истовремен и многу сериозна, изложбата на Националниот музеј за науките на иднината („Miraikan“) има цел да ја запознае јавноста со прашањата на здравјето, како и со еколошките и хуманитарните проблеми околу потрошувачката на водата, како и до пристапот до овој ресурс.Меѓу другото, посетителите на изложбата може да наидат на лутата „шолја“ којашто гласно прашува што би се случило кога сите тоалетни шолји на светот би штрајкувале, и им советува ана децата да кажат „благодарам“ кога ќе ја пуштат водата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Изгледа како професионалец“: француски булдог ужива во санкање
Францускиот булдог Вригли Ловинс покажа неочекувана љубов кон постуденото време и откри нова страст – санкањето. Неговата радост и вештината додека се спушта и се искачува по ридовите се импресивни.
Видеото објавено на „Инстаграм“ покажува мал француски булдог како сам се санка на ридот изгледајќи како професионалец. Сцената собра повеќе од сто илјади прегледи и воодушеви многубројни гледачи.
View this post on Instagram
„Тој не само што мисли дека е професионалец, навистина е“, се дел од коментарите.
Забава
Џесика Алба се разведува по 17 години брак
Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ.
Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.
Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.
Тие се свршија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија, следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.
Забава
Ладни како мраз: три хороскопски знаци што не дозволуваат ништо да им предизвика стрес
Во зафатен свет, каде стресот често владее, луѓето кои успеваат да задржат мирна и ладна глава во предизвикувачки ситуации се вистинска реткост.
Без разлика дали се работи за деловен хаос, семејни несогласувања или неочекувани пречки, тие знаат да останат смирени и рационални.
Еве под кои хороскопски знаци се родени ваквите личности.
Јарец
Јарците се познати по својата издржливост и рационален пристап кон животот. Кога се соочуваат со предизвици, тие се потпираат на нивните аналитички вештини и трпение. Наместо да паничат, ја анализираат ситуацијата од сите агли и бараат најпрактично решение.
Вага
Вагите се вистински мајстори за балансирање и на личните односи и на секојдневните ситуации. Без разлика на предизвиците, тие остануваат смирени бидејќи се стремат кон внатрешна хармонија. Кога ќе се соочи со конфликт или стрес, Вагата ќе вложи дополнителни напори за да најде компромис или да го врати мирот.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и стабилност. Дури и кога околу нив владее хаос, Бикот цврсто стои на земја.
Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна дарба да го исклучат стресот и да се фокусираат на она што е навистина важно, без разлика дали тоа е работата, семејството или личниот развој.