Македонија
Приврзаниците на Протестирам „пријавуваат“ дека се хулигани, им се приклучи и Заев.ВИДЕО

И во средата вечерта приврзаниците на граѓанската иницијатива Протестирам се собраа пред зградата во која е сместено Специјалното јавно обвинителство каде на импровизираниот штанд пополнуваат пријави дека протестираат и фрлаат боја врз државните институции, алудирајќи на тоа што претходно во средата професорката Мирјана Најчевска и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, беа казнети со по 50 евра казна затоа што фрлале боја за време на протестите на „Шарената револуција“, а во поворката на демонстрантите во Скопје се приклучија и опозициската СДСМ, Зоран Заев, заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска и претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски.
Демонстрантите на патот кон Министерството за правда, положија цвеќе пред споменикот на Јосип Броз Тито, по повод 25-ти мај, кој во поранешната СФРЈ се одбележуваше како Ден на младоста и негов роденден, и продолжија кон Собранието на Република Македонија.
Со транспарент „И јас се потпишувам“, демонстрантите на ткн „Шарена револуција“ протестот го посветија, како што редкоа, на односот на МВР кон граѓаните кои фрлаат боја на протестите, со тоа што незаконски ги снимаат и потоа ги повикуваат на распит.
Вечерва беше обоена повторно зградите на Министерството за правда и македонското Собрание.
Челникот на социјалдемократите Заев даде изјава за медиумите велејќи дека изведениот перформанс „од сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа Шарена револуција“ претставувал чин на солидарност кон „сиве овие другари и другарки коишто се под мечот на неправдата и репресијата на оваа власт“. „За да ја споделиме со повеќе илјади граѓани, вклучително и нас, лидерите на политичките партии, на понесување на одговорноста, на фарбањето на институциите коишто се веќе делегитимирани во Македонија. Еве сега, нека нé казнат сите нас. Нека го казнат Зоран Заев. Нека го казнат Фијат Цаноски, Билјана, Самка, сите што нé гледате како претседатели на партиите и сите овие граѓани коишто се потписници, а се илјадници на број“, рече Заев.
Порача дека не можат сите да бидат казнети и оти не можат сите да бидат заплашени.
„Секој нивен нареден чекор кон заплашување значи само охрабрување на граѓаните коишто си ја сакаат Македонија да се врати во нивни раце. Влегуваме во финале и бегање нема. Секој мора да одговара во Македонија, законот да важи еднакво за сите и ова веќе конечно мора да заврши“, рече Заев.
Вечерва приврзаниците на „Шарена револуција“ одржаа протесни поворки со транспаренти со натписи „Не ви се плашиме“ упатени кон власта и „Оди си“ кон претседателот Ѓорге Иванов поради стопирањето на процесите против 56 политичари од власта и од опозицијата кои произлегуваат од нелегално прислушуваните телефонски разговори, се одржаа во Тетово, како и во Штип и во Велес./крај/мф
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Влегов во оваа трка не за да заменам една личност со друга, туку за да го скршам менталитетот на „не можам“

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ја истакна својата решеност да ја промени дводецениската матрица на управување со општината со изговорот „не можеме“, кога станува збор за реализирање на крупни проекти во интерес на граѓаните. Тој порача дека неговата кандидатура не е борба против личности, туку против менталитетот на „не можам“, кој, како што рече, го кочи развојот на Чаир веќе 20 години.
Тој потсети дека повеќе од 20 години, од основањето на општината, Чаир се води без план, без идеја и без храброст, а граѓаните се навикнати на изговори и поразителното „не може“.
„Имало многу ветувања, во секоја изборна кампања. Но секогаш по нив следело: ‘Не може’. Повеќе од 20 години една клика ни инсталираше начин на размислување дека ‘ние не можеме’, дека ‘ова ни е судбина’. Јас влегов во оваа трка не за да заменам една личност со друга, туку за да го скршам тој начин на размислување“, нагласи Османи.
Тој истакна дека промената што ја предлага не е само инфраструктурна, туку ментална и политичка трансформација, со јасна визија за иднината на Чаир.
„Во секоја институција каде што сум работел, сум го предизвикувал менталитетот дека ‘не може’. И кога влегов во преговорите за името, за НАТО, за официјализирањето на албанскиот јазик, сите велеа ‘не може’. Но јас секогаш сум влегувал со уверување дека треба да се предизвика, затоа што храброста е таа што ги реализира промените, не само идеите“, рече Османи.
Тој ја поврза оваа порака со најзначајниот проект во неговата програма, реализација на „Плоштад Лирија“ и подземна сообраќајница, кој треба да го реши најголемиот инфраструктурен проблем во општината и да ја трансформира во модерен и функционален центар.
„Идеи можеме да имаме многу, но мора да имаме храброст да преземеме одговорност за големите идеи“, порача Османи.
Тој подвлече дека реализацијата на проектот „Плоштад Лирија“ и подземна сообраќајница веќе започнала со подготвителната фаза, со планирање на средства од Европската Унија, Владата, Град Скопје и сопствените општински фондови, со цел да се обезбеди стабилно финансирање.
„Овој проект ќе го скрши менталитетот на ‘не може’. Храброста е таа што ги решава големите животни и општествени предизвици“, заклучи Османи.
Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.