Забава
Тајланд во потрага по 'стјуардесата дух' која спасуваше луѓе при хаварија
Комисијата на Националната управа на аеродромите на Тајланд, којашто ги истражува причините за тешкото принудно слетување на „ербасот“ на воздухопловната компанија „Thai Airways International“ во Бангкок, трага по „стјуардесата призрак“ којашто помогнала во брзото евакуирање од авионот на патниците, објави во неделата Третиот национален телевизиски канал на Тајланд.
Авионот кој полетал од кинескиот град Гуангжу, на 15-ти септември слета на меѓународниот аеродром во Бангкок со неисправна опрема за слетување и заврши надвор од пистата. Во несреќата немало повредени, но 14 лица се здобиле со повреди при евакуацијата на авионот.
„Се создаде страшна паника, сите мислеа дека авионот гори, и масата луѓе се втурна кон излезите во случај на несреќа. Стјуардесите не можеа да се справат со ситуацијата, и неколку луѓе беа повредени“, изјавил еден од патниците кои дал исказ пред истражната комисија .
„Додека се зголемуваше паниката, видов една стјуардеса облечена во тајландска традиционална облека. Не го прочитав името на беџот на нејзините гради. Таа многу смирено им се обраќаше на патниците и за миг воведе ред. А по евакуацијата од авионот неа никој повторно не ја виде“, додал во исказот друг патник.
И покрај многуте вакви искази на патниците, сите стјуардеси на овој лет тврдат дека биле облечени во униформите на авиокомпанија. Според практиката на „Thai Airways“, сите стјуардеси се облекуваат во тајландски традиционални костими по полетувањето и повторно ја облекуваат униформата пред слетувањето. Аеродромските камери за надзор и видео материјалот на пожарникарската служба и на спасувачките екипи регистрирале дека и за време на евакуацијата на патниците сите членови на екипажот биле во униформите на авиокомпанијата.
Познатите талјандските јасновидци кои комуницираат со „другиот свет“ сугерираат дека „добриот ангел“ би можел да биде една од стјуардесите кои загинале во несреќата на авионот на „Thai Airways“ во декември 1998 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

