Контакт

Забава

Стратешки бомбардер се продава на eBay

Објавено пред

Потенцијалните купувачи имаа можност изминатиот викенд да наддаваат за купување на стратешкиот бомбардер „Туполев ТУ-95″ од периодот на Студената војна, кој накусо беше огласен на eBay, а почетната цена изнесуваше три милиона американски долари.

dobivaj vesti na viber

Според порталот Aviationist, кој се специјализиран за новитети и информации од сферата на воздухопловството, продавачите на леталото навеле дека авионот се наоѓа во Украина, а дека демонтиран може да биде испратен од пристаништата во Одеса или во Николаево. Огласот беше без објаснување отстранет во саботата, а дотогаш се јавија три потенцијални купувачи. Еден од нив за стратешкиот бомбардер „Туполев ТУ-95″ од почетокот на втората половина на минатиот век дури понуди 5 милиони долари.

Во огласот, инаку, беше наведено дека авионот „е употребува, но дека по сервисирање може да биде оспособен да лета”. Го продаваше компанија чиешто седиште е во Швајцарија, но има свои филијали и во Германија и во Украина. Авионите од типот „Туполев ТУ-95 МС” е варијанта за којашто НАТО го имаше кодниот термин „Bear-H” и беше оспособена за лансирање на крстосувачки ракети од типот „Радуга Кх-55″, коишто можат да носат конвенционална или нуклеарна боева глава.

На фоторгафијата којашто беше објавена во огласот на авионот беа забележливи траги од советското и украинското воздухопловство. Беше наведено и дека авионот имал вкупно 454 часови лет, а неговиот век на траење е речиси 5.000 часови.

Иако украинската воена авијација не ги користи овие авиони, по распаѓањето на Советскиот сојуз во 1990-те, во нејзиниот состав останаа 25 вакви летала, кои се користат како поморски патролни авиони и стратешки бомбардери. Сите тие беа предвидени за „конечно приземјување” според договорот за стратешкото разоружување СТАРТ-1.

Во февруари 2000 година Украина со 11 вакви бомбардери и 600 ракети и’ го отплати долгот на Русија за природен гас./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кејт Мидлтон направи грешка со шминката, принцезата Шарлот ѝ помогна

Објавено пред

Кејт Мидлтон присуствуваше на церемонијата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Нејзиното семејство ѝ се придружи на настанот, а принцезата Шарлот ѝ помогна на мајка си да избегне прилично честа козметичка несреќа.

dobivaj vesti na viber

Шарлот се навали кон Кејт и со прстот го допре аголот од нејзините усни, што многумина претпоставија дека карминот на Кејт се размачкал. Војвотката од Кембриџ потоа ѝ се насмевна на својата ќерка во знак на благодарност.

Да потсетиме, по повод 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, Кејт и Вилијам објавија нова фотографија од неа со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Мајли Сајрус објави емотивно црно-бело видео, плаче додека ги пее стиховите

Објавено пред

Од

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“.

dobivaj vesti na viber

 

Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај.

„Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната.

„Не сакав „More to Lose“ да звучи совршено; сакав да звучи значајно и емотивно“, додаде таа.
Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Тони Цетински им ја посвети новата песна на децата на разведени родители: „Тие страдаат“

Објавено пред

Од

Тони Цетински објави нова песна. Се вика „Пиши пропало“. Композитор на песната е Анте Пекотиќ.

dobivaj vesti na viber

„Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа нова песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно, а таквите работи воопшто не се лесни за изразување во песна, туку и јас самиот поминав низ истото што Анте го подвлече во зборовите на авторот во оваа песна. Многу ми е чест и му благодарам многу за довербата, бидејќи не секој може да напише нешто вакво и да го изрази пред луѓе“, рече Цетински.

 

Тој ја посвети песната на децата на разведени родители.

„Многу луѓе, некаде таму, можат да се идентификуваат со она што го претставува ‘Пиши пропало’, па затоа се согласивме да им ја посветиме оваа песна ним, како и на сите деца на разведени родители. Да, за жал, денес има многу разводи меѓу родителите и го сметам тоа за пораз за двете страни, каде што децата многу често страдаат. Би сакале да не биде така и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Европа12 минути

Лидерите на најмоќните европски земји синоќа отпатуваа во Киев, тоа е одговор на Путин

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак...

Македонија17 минути

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ11 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет14 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија18 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија19 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија19 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија21 час

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија23 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија24 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 ден

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ1 ден

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет2 дена

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија2 дена

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...