Македонија
СЈО бара намалување на казните за „Шпион“, ги смета за неосновани нивните жалби
Специјалното јавно обвинителство побара намалување на затворските казни за сите 18 обвинети во случајот „Шпион“, кои главно се товарат за „злосторничко здружување“, „шпионажа“ и „уцена“ на јавната седница во Апелациониот суд на која се разгледуваат жалбите на обвинетите на првостепената пресуда.
СЈО ги смета за неосновани сите останати жалби што ги поднесоа обвинетите по првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1.Специјалната јавна обвинителка, Елизабета Јосифовска, смета дека казните за сите обвинети се превисоки и престроги, па за дел од обвинетите побара намалување на затворските казни до условна осуда, за дел намалување на нивната висина, а за првообвинетите ублажување на казните.Според СЈО, пресудата на првостепениот суд е разбирлива, непротивречна, ги содржи сите елементи и доволно причини кои се јасни и кои произлегуваат од докази. Одбраната на обвинетите и обвинетите, претходно пак, побараа укинување на пресудата.Осудениот поранешен генерал Горан Стојков, пред судот рече дека не можеле физички да го ликвидираат, па затоа го тргнале преку судот. Осудениот поранешен директор на Управата за спречување на перење пари и борба против тероризмот, Ване Цветанов рече дека не познава никого од осудените и дека бил обвинет бидејќи неговото име се споменувало во скајп комуникација меѓу новинарот Зоран Божиновски и првообвинетот поранешен разузнавач Марјан Ефремов.Сите адвокати и обвинети рекоа дека пресудата не ја одразува фактичката состојба и нема никакви докази против нив.Пресудата во овој случај во Основниот суд Скопје 1 ја донесе судијата Ѓоко Ристов, а обвинител беше обвинителката од обвинителството за криминал и корупција Лиле Стефанова, која сега е дел од СЈО.Пресудата напишана на повеќе од 1.000 страници и според неа, обвинетите давале информации за политичката состојба, односите во партиите и меѓуетничките односи на унгарската и на грчката разузнавачка служба./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

