Македонија
Работните групи не можат да ги договорат експертите за ДИК
Работните групи составени од партиски членови од четирите најголеми партии во земјава не можат да се усогласат околу имињата на тројцата експерти кои треба да бидат членови на Државната изборна комисија, во новиот состав, од кои треба и да се изберат и претседателот и заменикот на ДИК.
Меѓународниот фактор инсистира на договор и функционирање на ДИК во нов состав, а евроамбасадорот Аиво Орав предупреди дека сите рокови од договорот од Пржино се пробиени.Белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте, смета дека решение за избор на експерти за ДИК е можен.Сепак, партиите на сите 40-тина кандидати за трите места гарантирани за експерти во ДИК им најдоа забелешки, но според најавите кругот е стеснет на десетина.Се споменуваат имињата на универзитетскиот професор Стефан Буџаковски, адвокатот Билјана Георгиева, новинарот Горан Трпеновски, раководителот на собраниски служби Реџеп Прекопуца, Фатон Бејта и Феми Стафа, а тука е и Заге Филиповски, долгогодишен експерт за изборни прашања на ОБСЕ.Рокот одамна е пробиен, а според Законот, доколку политичките партии не постигнат согласност, собраниската Комисија за избори и именувања треба да ги предложи тројцата кандидати за експерти во ДИК.Речиси одлучено е кои ќе бидат партиските кандидати во ДИК, а тоа се од ВМРО-ДПМНЕ се Силвана Бонева и Сашо Срцев, од СДСМ – Виолета Дума и Игор Милев, од ДУИ – Субхи Јакупи и од ДПА Бедредин Ибраими.Комисијата според договорот во Пржино ќе има зголемени ингеренции, но ќе одлучува и за секое вето на дополнителните заменици министри, ќе има ингеренции за прочистување на Избирачкиот список, ќе може да поведува прекршочни постапки и ќе поднесува кривични пријави./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Карпош денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради отстранување дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол ) на улицата Ванчо Мицков бр. 18, општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Даути поднесе оставка по интерпелацијата
Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија.
Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на седницата Даути ја образложи својата оставка.
Од Европскиот фронт посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на Илире Даути и го осудија потегот на Гаши.
Од „Влен“ попладнево велат дека оставката е признавање на слабост и показател за неодговорност.
„Илире Даути, позната во својот клуб како челичната дама, денеска стана ‘рѓосана заедно со целиот Европски Фронт, прифаќајќи ја нејзината оставка и жалејќи што помогнала да се блокира Законот за бранителите. Иако главниот товар за оваа блокада го понесе претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ВЛЕН и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин“, велат од „Влен“.
Од тука потсетија дека како пратеничка група гласаа против интерпелацијата на Илире Даути, а таа самата ce разрешила за да биде виктимизирана, затоа што тоа е единствената улога што знае најдобро да ја одигра.
„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за Бранителите. Таа врескаше во Собранието со зборовите: ‘гонете се’, додека не замина сама. Илире, кога не си способна и немаш потенцијал да ја водиш Комисијата, најдобро е по твојата оставка од Комисијата да следи и оставка од Собранието“, додаде „Влен“.
Македонија
За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела
За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари, според податоците на Институтот за јавно здравје.
Во периодот од Бадник до почетокот на оваа седмица биле пријавени 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.
Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15-64 години, 179 кај деца на возраст од 5-14 години, 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на
возраст над 65 години.
Најголем е бројот на заболени во Скопје (305), а потоа во Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи: постарите лица (над 65 години); деца на возраст од 6-59 месеци; лица постари од 6 месеци со хронични болести; бремени жени, и здравствени работници.
Заклучно со втората недела од оваа година, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.