Македонија
Уште двајца демонстранти ја признаа вината и добија условни казни
Двајца од петтемина уапсени демонстранти кои протестираа против одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, се осудени на условни казни во петокот.
Никола Аризанов и Филип Наковски ја признаа вината, рекоа дека биле дел од протестите поради револт од одлуката за аболиција, но велат дека не протестирале насилно.Никола Аризанов е осуден на условна казна од шест месеци доколку во рок од две години не стори друго кривично дело, а Филип Наковски е осуден 12 месеци условна казна доколку во рок од три години не стори друго кривично дело.И на двајцата им е укинат куќниот притвор каде што се наоѓаа повеќе од еден месец.Тие се товара дека на 13 април учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот. Пред неколку дена на условна казна беше осуден и студентот Борјан Ефтимов, а судењето за членовите на партијата „Левица“, Здравко Савевски и Владимир Куновски се одложи по втор пат.Штета на канцеларијата е процената на 522 илјади денари. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

