Контакт

Наука

Русија го произведе првиот прототип на свој берилиум

Објавено пред

Политехничкиот универзитетот во Томск во соработка со „Сибирскиот хемиски комбинат“, дел од државната енергетска компанија „Росатом“, објави во петокот дека го произвела првиот руски примерок на стратешки важниот метал берилиум, кој досега го увезуваше а се произведува само уште во САД, Кина и Казахстан.

dobivaj vesti na viber

Берилиумот е редок метал, со збир од физички и механички својства кои се погодни за широк дијапазон на примена, и оттаму се користи во многу индустрии. Особена важност овој метал има поради неговата употреба во нуклеарната и аерокосмичката индустрија, а се користи и во производството на телекомуникациски опреми.

Развојот на технологијата за производство на берилиум гои финансираше руското министерство за трговија и индустрија, а научниците соопштија дека прототипот на берилиум произведен во комбинатот бил претставен кон крајот на 2014 година. Во моментов тие ја разработуваат можноста за производство на металот во иднина.

Протекторот за научни дејности и иновации на универзитетот во Томск, Александар Дјаченко појаснил за РИА Новости дека првото лабораториско количество од споменатиот метал изнесувало 100 грама. „Ние ја добивме првата прачка, тоа е првиот руски берилиум. Годинава ќе ја развиеме технологијата којашто ќе го поевтини“ добивањето на металот, изјавил Дјаченко.

Следните години руските научници да работат на сировини од државните резерви, но очекуваат и дополнителни количества неопходни сировини од наоѓалиштето Ермаково во Бурјатија. Дјаченко додал дека проценува оти индустриското производство на берилиум во Русија ќе може да започне во 2020 година./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 часа

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија11 часа

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија12 часа

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија13 часа

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија15 часа

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет15 часа

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...

Македонија16 часа

Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати...

Свет17 часа

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал сеопфатен предлог за прекин на огнот на американскиот претставник Стив Виткоф, нудејќи прекин...

Свет17 часа

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth дека долгоочекуваната средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе...

Свет1 ден

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...

Македонија1 ден

Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи. На Универзитетската клиника за токсикологија...

Свет1 ден

Објавено е што е подготвен Путин да направи

Русија и САД  се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската...

Топ1 ден

Крадци украле акумулатори и нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за тешка кражба. За...

Топ1 ден

Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово. Од таму велат дека против С.З. (54)...

Македонија1 ден

Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните...

Македонија2 дена

Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден...

Македонија2 дена

Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовира новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците...

Македонија2 дена

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија2 дена

Четири цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет2 дена

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...