Македонија
Четири региони во портокалова фаза, Министерството за здравство издаде препораки

Во вторник времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец, со УВ индекс со вредност 8.
И денеска температурите ќе бидат највисоки долж Повардарието ќе достигнат и 39 Целзиусови степени, а од среда ќе бидат пониски за 2 до 3 степени. Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 28 и 39 степени, а во Скопје и околината ќе достигне до 38 Целзиусови степени.
Согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на вторникот четири региони во државата ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, информираат од Министерството за здравство.
Станува збор за следните региони: Скопскиот регион (Скопје, Велес, Куманово, Свети Николе и околните населени места), Осоговско-малешевскиот регион (Крива Паланка, Кочани, Делчево, Берово и околните населени места), Јужновардарскиот регион (Штип, Радовиш, Струмица, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија и околните населени места) и Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и околните населени места).
Во останатите два региона, Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Маврово Ростуше и околните населени места) и Охридско-преспанскиот регион (Охрид, Струга, Дебар, Ресен и околните населени места),се предвидуваат температури од жолта фаза.
„Во регионите кои ќе бидат зафатени со портокалова фаза се препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Им се препорачува на работодавачите во овие региони да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во овие региони, Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период“, се прецизира во соопштението.
За граѓаните од целата земја од министерството за здравство потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови, потребен е повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страницата www.toplotnibranovi.mk./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова

Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно изолирање на интересите на граѓаните, видовме што значи партиските интереси да се пред здравјето на луѓето и заради политички инает да се уништи градот и претпријатијата, а со тоа и животот на граѓаните. Видовме како развојот на градот се кочи поради бизнис договори и како Скопје се уништува заради партиски профит, посочи денеска на прес-конференција кандидатката од редовите на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова.
Вели ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со актуелната градоначалничка Данела Арсовска, која, како што рече, најпрво ја поддржаа, а потоа ја отфрлија. Според Шукова, доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата од граѓаните на претстојните локални избори, наместо одговорно управување градот ќе биде претворен во поле за лични и партиски интереси.
– Никогаш нашиот град не бил толку далеку од своите граѓани и ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот. Тие го претвораат градот во свој партиски вилает за да ги спроведуваат партиските агенди, го претворија Скопје во заложник на нивните расправии и интереси сега, а во следните четири години ќе го претворат во поле за личните и партиски интереси, наместо да управуваат одговорно, го жртвуваа Скопје да се пресметуваат со градоначалничката која што прво ја поддржаа, потоа ја отфрлија. Денес секој булевар, секоја улица, секое маало сведочи за нивниот неуспех и тоа ние скопјани нема да го дозволиме повторно, рече Шукова.
Како резултат на ВМРО-ДПМНЕ, вели, изминатите четири години градот се соочи со целосно уништување на јавниот превоз, ѓубре насекаде без систем за чистење, како и културно пропаѓање и целосно уништување на урбаниот дух на градот.
– Сите знаеме низ што помина градот – јавниот превоз целосно уништен, ѓубре насекаде без систем за чистење, преполни контејнери, културно пропаѓање без дно и уништување на целиот урбан дух на градот е резултат само на ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Скопјани очекуваат решенија и искреност, политики кои што носат резултати, очекуваат чист, уреден и културен град. Очекуваат градоначалник со визија и план, без лажни ветувања и хартиени мега-проекти. Што нудат тие? Додека Скопје се дави во урбанистички хаос, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски отворено го брани криминалното дивограделство во Чаир. Наместо одговорност и решенија гледаме позирање со коалициски партнери од Влен, со истите кои што го создадоа овој урбан хаос, нагласи Шукова.
Македонија
Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на панелот „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.
Јаневска истакна дека за само една година реализирани се проекти во вредност од 67 милиони евра.
-За само една година од добивањето на мандатот на оваа Влада, ние отпочнавме и реализираме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука ние покривме проекти вредни 32 милиони евра, вели министерката Јаневска.
Јаневска додаде дека изградени се 7 нови училишта, реконструирани се 20 други останати училишта и се градат 4 спортски сали.
-Изградивме 7 објекти, де факто 7 нови училишта, но во склоп на претходно постојните училишта. Во истиот тој период реконструиравме 20 други останати училишта и почнавме и градиме 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Уште еден доказ дека оваа Влада не прави разлика во однос на локалната управа, туку води грижа само за граѓаните, нагласи министерката Јаневска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога ДУИ не може да краде, почнува со врескање и криење зад етничкото знаме

Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на настапите на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека секогаш кога се соочува со одговорност за криминал и корупција, се крие зад етнички теми и меѓуетнички односи.
„Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат ‘заштитници на Албанците’ и ‘бранители на меѓуетничките односи’. Во превод: кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме. Но вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност. Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.