Македонија
Јолевски: Заедничката соработка клучна за решавање на мигрантската криза
Mинистерот за одбрана, Зоран Јолевски во среда оствари средба со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Словачка, генерал Милан Максим, кој е во официјална посета на Република Македонија.
На средбата стана збор за пристапувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО, претстојниот самит на НАТО во Варшава, учество на Армијата на Република Македонија во операции во поддршка на мирот, идни можни ангажмани. Воедно се разговараше и за безбедносната ситуација во Регионот со посебен осврт на мигранстската криза. Министерот Јолевски истакна дека односите и соработката со Словачката Република се од стратешко значење за Република Македонија од аспект на приклучување во европските и евроатлантските структури. Тој во оваа прилика додаде дека денешните предизвиците со кои се соочува Европа и светот се менуваат секојдневно и затоа е потребно да се креира заедничка стратегија со цел решавање на актуелните прашања особено во поглед на мигрантската криза. Во насока на унапредување на соработката, Министерот Јолевски ги понуди капацитетите со кои располага Министерството за одбрана односно Армијата на Република Македонија. Министерот ги посочи Воената академија, Регионалниот центар за односи со јавност, Центарот за обука на пилоти и армискиот полигон Криволак, каде припадниците на Армијата на Словачката Република би можеле да се стекнат како со нови вештини и знаења, така и да разменат искуства и способности со припадниците на АРМ.Генералот Максим во оваа прилика рече дека соработката меѓу двете армии е добра и дека истата ќе продолжи да се развива во иднина. Тој воедно посочи дека искуството кое го имаат претставниците на АРМ во однос на кризата е големо и дека се подготвени да соработуваат со цел подобрување во справување со ваков тип на кризи. На денешната средба присуствуваа Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, и Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Брезак. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

