Македонија
Вељаноски: Да се обединиме зад големата идеја на Македонија
Како прв меѓу еднаквите пратеници, уште еднаш повикувам на обединување на сите политички структури зад големата идеја на Македонија, рече во вторникот претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседателот на првиот президиум на АСНОМ, и повика на единство и обединување, еднакво силно како што денеска на Илиден е обединета Македонија потенцирајќи дека за земјата остануваат приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата.
„Повикувам на дополнително обновување на меѓусебната почит и разбирање меѓу политичките партии. Тие не смеат да бидат непријатели и мораат да бидат конкуренти кои имаат иста цел. Македонија е нашата заедничка цел. Предолго народот е заложник на една ваква непринципилена политика“, истакна Вељаноски осврнувајќи се на политичката криза во говорот по повод националниот празник 2-ри Август – Илинден.
Вељноски забележа дека Македонија повеќе од една година е предмет на еден „непринципиелен политички однос кој ги разградува нејзините државотворни темели и под константен притисок за неправедна промена на основните начела на кои почива современата претставничка демократија“.
„Моќта на граѓаните дадена на избори е под константен притисок и гласот на граѓаните даден на избори е во фаза на континуирана релативизација и обезвреднување, рече тој, додавајќи дека граѓаните излегоа на избори и гласаа и нивната волја е јасна и недвосмислена“, констатираше претседателот на Собранието .
„Сепак наспроти сé, денеска овој основен демократски постулат е под закана. Во жарот на политичката битка, опиени од желбата за власт, за жал, постојат личности кои врз грбот на народот настојуваат да ја приграбат Македонија. Мораме да бидеме јасни и недвосмислени и да кажеме: Доста е! Македонија не беше градена за да се растури“, порача Вељаноски.
Првиот парламентарец порача дека сите обиди за релативизирање на волјата на народот, ниту имале, ниту имаат ниту некогаш ќе имаат некаков успех и тие се осудени на пропаст и осуда. Потсети притоа дека таквите обиди редовно се осудени на пропаст и на осуда, и оти историјата е најдобриот судија за секого и за сé.
„Да не си помисли некој дека може да избега од судот на народот. Наследството на секоја личност која добила одговорност да работи за народот е предмет на оценка токму од народот! Порано или подоцна. Да престанеме да го тормозиме народот и да направиме сé, оваа криза во која е втурната Македонија, да заврши што поскоро, да му го вратиме мандатот на народот, кој е единствениот праведен судија“, рече Вељаноски и повика граѓаните и политичките субјекти обединети зад делото на сите македонски херои уште посилно заеднички да ја градат земјата
„Единството е нашиот заеднички именител, заеднички стремеж и тоа е следна битка која мораме да ја добиеме“, заклучи Вељаноски .
Членството во НАТО е најголем приоритет на земјата , а новиот Илинден ќе биде денот кога Република Македонија ќе се интегрира во Европската унија, смета претседателот на македонскиот парламент.
„Свесни сме за консталациите кои се причината за овој наш застој, заради што продолжуваме и со напорите за надминување и на последната пречка за наше целосно интегрирање во Алијансата. Продолжуваме со разговорите со Република Грција за надминување на наметнатиот проблем со нашето уставно име. Веруваме дека нашите грчки соседи ќе разберат дека Република Македонија и македонскиот народ, ниту биле, ниту некогаш ќе бидат закана за Грција“, рече.
Во однос на ЕУ, Вељаноски посочи дека таа не е совршен, но е најдобриот проект за Македонија, а вкупниот државен развој продолжува да биде најголемиот предизвик.
„Како во историското Крушево и во Пелинце, така денеска и во Скопје се прославува и со достоинство се слави Илинден. Во центарот на градот, собрани пред споменикот на еден од најголемите великани на нашата нова историја, потенцираше претседателот на Собранието, креваме уште еден глас за слобода и за демократија, си споменуваме за жртвата на борците од подалечната и од поновата историја на нашата татковина. Методија Андонов – Ченто, големиот великан на Македонија е симболот на сите извојувани победи во периодот после 1945 година кои се темелот на времето кое денес го живееме. Собрани тука ја демонстираме нашата искрена почит и кон неговото наследство, како и кон наследството на сите оние македонски патриоти кои заради својата антикомунистичка демократска идеологија се најдоа на немилост на делови од тогашната социјалистичка власт“, рече Вељаноски.
Истакна дека поеденакво е значајно и делото и на оваа генерација македонски патриоти кои сонуваа за независна Македонија во периодот на социјализмот. Во Скопје, продолжи Вељановски, се акумулира целата енергија и на Пелинце и на Крушево и на сите значајни историски меѓници низ цела Македонија, најсилно се вкрстуваат наследствата на партизаните, делата на илинденците, но и жртвата на комунистите и на антикомунистите.
„На главниот плоштад на македонската држава, денеска, но и секој ден, најсилно вибрира пулсот на целата славна македонска историја. Тој пулс е одлика на единството на Македонија, и одговорот на сите поделби и раздори кои биле присутни во минатото и конечно, тој пулс е и повик за сплотеност во иднината помеѓу сите кога станува збор за иднината на Македонија“, рече Вељаноски.
За Методија Андонов-Ченто, рече дека бил личност која не направи компромис со своите идеали за независна, самостојна и демократска држава. „Борецот во НОВ не беше разбран од страна на луѓето со кои рамо до рамо војуваше за Татковината. Некој, во тие времиња, не сакаше да ги прифати неговите големи идеи за демократија, за поголема самостојност и за поголемо достоинство на Македонија. За жал, таквите негови ставови, овој човек мораше да ги плати со најскапото – со својот живот“, рече Вељаноски и потсети дека овој великан на вториот македонски Илинден беше рехабилитиран од страна на институциите на демократска Македонија и повторно беше јавно и со гордост прославуван од народот.
„Во непосредна близина се наоѓа споменикот на Неџат Аголи, човекот, кој, исто така, е голем симбол на вториот Илинден, истакнат правник, партизан и член на АСНОМ, министер во првата Влада на ослободена Македонија. Аголи бил борец за права и за соживот, но, како и Ченто, осуден и осуетен од страна на делови од тогашниот комунистички систем. Сепак, денеска, историјата повторно докажа дека е најдобриот судија. И неговото дело, како борец за Македонија, денес и во иднина ќе се почитува“, продолжи.
Љубовта кон татковината, не познава етничко потекло или верска припадност, порача Вељаноски. „Оваа лекција на илинденците, преку примерот со Аголи, треба постојано да нé потсетува дека меѓуетничките односи се сржта на Македонија. Во историјата остануваат забележани безбројни дела кога рамо до рамо Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ја бранеле државата“, рече.
Потсети и на делото на Питу Гули, големиот македонски револуционер со влашко потекло – чиј споменик е, исто така, во непосредна близина. Во својот говор Вељаноски спомена и за делата на уште двајца значајни личности, кои ја обележуваат денешнината. Драган Богдановски, како што кажа е припадник на политичката десница, а проф. д-р Славко Милосавлевски, припадник на политичката левица во Македонија./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Лимани смета дека назначувањето на владин повереник во Гостивар е незаконско
Вршителот на должност градоначалник на општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови по првиот круг на локални избори, Ваљбон Лимани смета дека назначувањето на владин повереник е незаконско. Тој во одговор на новинарско прашање околу најавите за негова смена смета дека Уставниот суд треба да го реши прашањето кој ќе го води Гостивар до повторувањето на изборите кои пропаднаа заради слаба излезност.
„Јас сум избран како в.д. градоначалник минатата година, во јули, согласно Законот за локална самоуправа, Член 54 и потоа Член 4 кој беше сменет во меѓувреме и кој вели дека имам мандат до избор на нов градоначалник“, вели Лимани и појаснува дека цврсто верува во правната држава и по правен пат ќе се спротивстави на владината намера да постави повереник во Гостивар.
Тој најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд.
„Ќе поднесеме инцијатива до Уставен суд, дали е тоа уставно или не. Јас мислам дека на крајот на денот, граѓаните го кажаа своето на изборите на 19 октомври. По закон најдоцна за шеесетина дена треба да имаме повторени избори и последниот збор пак ќе го имаат граѓаните на Гостивар. На крај, верувам дека Уставниот суд ќе каже дали е законски или незаконски“, рече Лимани.
Владата најави дека ќе назначи владини повереници во четирите општини во кои локалните избори беа неуспешни затоа што во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус од една третина излезност на гласачите. Се работи за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.
Македонија
ТИТАН Усје со поддршка за болницата во Кочани
Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион.
Донацијата беше обезбедена по претходна консултација со менаџментот на болницата во Кочани за нивните потреби согласно спецификите на работењето и за потребите на пациентите. Во Кочани донацијата ја предадоа техничкиот директор на компанијата Гоце Цветкоски и Александар Мојсовски, менаџер на погонот за одржување.
„Искрено се надеваме дека на овој начин ќе успееме да придонесеме за подобрување на состојбите, за сите граѓани кои имаат потреба од здравствена услуга да добијат соодветен третман. Ние сите заедно мора да придонесеме за подобрување на состојбите во нашето општество и да обезбедиме поддршка онаму каде што е најпотребна. Ќе продолжиме во таа насока и во иднина„, истакна Цветковски.
Покрај оваа донација, на болницата во Кочани ѝ беше дониран и респиратор, кој беше обезбеден од донации од вработените на компанијата, а беше реализирана и донација за болницата во Штип.

