Забава
Buddy Cup чаши за поврзување на фејсбук со секој со кого ќе наздравите

Американскиот пивски гигант, Budweiser, лансираше нов вид на чаши кои имаат чип со линк до фејсбук и можете да станете пријатели со секој со кого ќе наздравите.
Новите чаши, наречени Buddy Cup, содржат чип и отпечатен код на дното од чашата. Кодот, кој е сличен на QR кодот, се активира користејќи смартфон и потоа се поврзува со вашата страна на фејсбук. Штом ќе ја активирате чашата што ја држите во вашата рака, вие автоматски ќе станете пријатели на фејсбук со секој што ќе наздравите, а кој исто така има Buddy Cup, пренесе kokteli.mk.
Buddy Cup чашите се креирани од Agencia Africa во партнерство со Bolha, дигитално студио за иновации од Сао Паоло. Серхио Гордиљо, главен креативен директор во Agencia Africa, вели: „Иновациите се во ДНК-та на Budweiser. Тие постојано ги изненадуваат своите потрошувачи во позитивна смисла, со цел да имаат совршено искуство пиејќи го нивното пиво. Buddy Cup е уште една идеја со која брендот сака да се приближи уште поблиску до потрошувачите и да отвори нови начини на комуникација со нив”.
Budweiser секоја година спонзорира различни настани, концерти и фестивали и од компанијата велат дека на овие настани тие ќе ги подаруваат овие Buddy Cup чаши. Идејата е дека сите што ќе присуствуваат на настан спонзориран од Budweiser би се поврзале меѓусебно преку своите фејсбук профили со помош на чипот во оваа чаша. Buddy Cup исто така ќе му помогне на Budweiser да ја подобри интеракцијата на социјалните медиуми со своите потрошувачи./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Раскинувањето на свршувачката ѝ го скрши срцето, па заплака среде концерт

Кејти Пери веќе некое време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Lifetimes“, која враќа спомени од славните денови на саканата тинејџерка пејачка.
Додека пееше пред голема толпа и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кејти се случи одеднаш.
Имено, пред да требаше да ја отпее познатата песна „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кејти се расплака.
Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.
„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“
Katy Perry got emotional at the end of the last show of #THELIFETIMESTOUR in Australia 🥺♥️ pic.twitter.com/N78X37wBld
— Katy Perry Tours (@KatyPerryTours) July 1, 2025
Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на Икс.
Патем, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години.
Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, во друштво на жена, што доведе до тоа многумина да започнат гласини за неговата нова љубовна врска.
Поранешните партнери имаат четиригодишна ќерка, Дејзи.
Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.
Забава
(Фото) Марија Шарапова целосно се промени

Никогаш поубава и никогаш посреќна, Марија Шарапова го покажа својот син!
Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи на Инстаграм од посебна причина. Таа објави фотографија од својот син Теодор, кој го прослави својот трет роденден.
Како што можете да видите, петкратната освојувачка на Грен слем турнирите гордо позираше со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице секако беше забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Марија Шарапова, алудирајќи на „времето како лета“.
Марија Шарапова стана мајка во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкес го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од своето дете, поранешната тенисерка не крие колку улогата на мајка ѝ го променила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е работа со полно работно време, неверојатно е исполнувачко да се гледа како се развива ова мало човече“, рече еднаш шармантната Русинка.