Забава
’Ѓерданот на Клеопатра’ пронајден на девојка што умрела пред 2.400 години во Сибир

Прекрасен женски ѓердан од периодот на антиката е пронајден во срцето на Сибир.
Иако го доби називот „Ѓерданот на Клеопатра“, пронајденото парче накит всушност датира од периодот на Александар Велики, односно постара е од времето во кое живеела Клеопатра, последната владетелка на стар Египет.
Иако бил откриен уште во 2004 година, ѓерданот никогаш не бил на изложба, ниту, пак, фотографии од тој накит се појавиле во јавноста. Фотографиите го покажуваат ѓерданот на местото на пронаоѓање и во сета негова убавина на женскиот врат.
Ѓерданот е направен од ламинирано стакло во боја и е со непроценлива вредност. Бил пронајден околу вратот на жена, за која археолозите утврдиле дека умрела на 25 годишна возраст и која била пронајдена во антички гроб во планините Алтаи во Сибир, пренесува Сајбириан Тајмс.
Девојката околу чиј врат бил пронајден ѓерданот, според проценка на археолозите, умрела пред 2.400 години и била во роднинска врска со познатата тетовирана принцеза Укок, чии тетоважи останале зачувани во пермафрост и кои го привлекле вниманието на светските археолози.
Ѓерданот е составен од 17 топчиња со дијаметар од два до два и пол сантиметри и претставува единствен примерок во светот. Руските археолози истакнуваат дека ѓерданот фрла нова светлина на нивото на развиеност на цивилизацијата во Сибир, во скитскиот период.
Направена е со таканаречената техника ‘Милефори’, со која се изработуваат стаклените стапови во шарените примероци, кои се видливи само на местата каде што ќе се пресече стаклото, односно на кои стапот е пресечен. Направениот стап потоа се грее во печка и се развлекува додека не стане тенок, со тоа што примероците во стаклото и натаму се задржуваат. Еднаш кога ќе се излади, се сече на делови од кои се брусат топчиња за ѓерданот.
Руските археолози сè уште работат на студијата на овој ѓердан, а штом ќе завршат со тоа, во јавноста ќе се појави и ѓерданот. Археолозите тврдат дека тоа ќе биде можно во следните неколку години. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка во Холивуд

Актерката Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка на сите времиња.
Не е навистина големо изненадување што најпрофитабилните актери на сите времиња на киноблагајните се ѕвездите или поранешните членови на кинематографскиот универзум на „Марвел“.
На крајот на краиштата, тој филмски универзум е убедливо најуспешната франшиза во историјата на киното. Но, она што може да ве изненади е кој е, всушност, најуспешната личност меѓу нив, пишува gamereactor.
Долго време, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Јуниор се бореа за врвот на оваа листа, но сега, по огромното отворање на Jurassic World: Rebirth, Скарлет Јохансон ги престигна своите поранешни колеги од The Avengers и го зазеде првото место.
Според The Numbers, Јохансон помогна да се генерираат неверојатни 14,614 милијарди долари на киноблагајните, а филмовите на „Марвел“ се главен извор на овој успех.
Во еден момент Зои Салдана беше водечка актерка во вкупната заработка на киноблагајните со 14,233 милијарди долари, но Јохансон ја престигна.
Сепак, овој рекорд, веројатно, ќе биде краткотраен бидејќи се очекува Салдана повторно да го заземе првото место подоцна оваа година кога ќе пристигне Avatar: Fire and Ash за кој речиси сигурно се предвидува дека ќе заработи најмалку 1 милијарда долари.
По ова, Дауни Јуниор би можел да се врати на тронот кога Avengers: Doomsday ќе пристигне кон крајот на 2026 година.
Забава
Стар тренд повторно летен хит: Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го обожаваат

Познатите личности веќе почнаа да го враќаат сјајот на еден стар летен тренд за убавина, кој беше популарен на почетокот на 2000-тите: светките за тело.
Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го прифатија овој тренд, некогаш промовиран од Бритни Спирс и Кристина Агилера, а Ријана исто така вклучи лосион за тело со светки во новата колекција на својот бренд.
View this post on Instagram
Сигурно барем еднаш сте се намачкале со ваков лосион и сте уживале во гламурот за време на состанок, па затоа добро знаете за што зборуваме. Значи, ова лето имате можност повторно да го користите и да бидете во тренд, а покрај светките за тело, тука се и некогаш популарните светки за коса.
Светкавите се вратија на друг начин, продавниците веќе се преплавени со светкави парчиња облека во форма на мини здолништа, фустани, шорцеви, кошули и панталони, а на улица можете да видите дека трендот повторно заживеа.
View this post on Instagram
Доколку сакате да бидете забележани уште повеќе и да се чувствувате гламурозно додека шетате на улица или излегувате навечер, тука се и чевлите со светки, но и додатоци за плажа.
Значи, ако сакате да блеснете и да привлечете внимание, слободно – светките се задолжителни ова лето!
Забава
(Фото) Се омажи Мел Би

Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Би (50), се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.
Мел Би носеше фустан од Џозефин Скот направен по мерка за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од Џастин Александар.
View this post on Instagram
Церемонијата беше проследена со прием на ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“. Меѓу гостите единствена од „Спајс грлс“ беше Ема Бантон, но се појавија и други ѕвезди, меѓу кои Кара Делевињ, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.
View this post on Instagram
Трите ќерки на Мел Би беа нејзини деверуши. Пејачката ја има ќерката Феникс (26) со првиот сопруг Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година.
View this post on Instagram
Другата ќерка на Мел Би, Ангел Ирис (18), е од нејзината врска со Еди Марфи. Најмладата ќерка, Медисон (13), е од бракот со Стивен Белафонте со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.