Забава
Дрогата, алкохолот, насилството или друга жена можни причини за разводот на Џоли и Пит
Точните причини за разводот на една од најпознатите холивудски двојки, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сѐ уште не се познати, иако по објавувањето на веста за разводот се појавија бројни шпекулации зошто Џоли решила да поднесе барање за развод.
Досега за разводот официјална изјава даде само Бред Пит, додека Анџелина Џоли се уште се нема огласено. Нејзината одлука ја објави нејзиниот адвокат Роберт Офер кој изјави дека одлуката е донесена поради здравјето на семејството. „Таа нема да коментира и бара овојпат да се почитува приватноста на семејството“, изјави адвокатот, а Џоли во барањето како причина ги навела „непомирливите разлики“.Бред Пит изјави дека е многу тажен поради барањето на Џоли. „Тоа многу ме растажи, но она што сега е најважно е доброто на нашите деца. Ги молам медиумите да ги остават на мир во овој тежок период“, изјави Пит.Сите други информации објавени во медиумите за причините за разводот се на ниво на шпекулации, без официјална потврда. Според одредени медиуми актерката побарала развод бидејќи и дошло „преку глава“ од однесувањето на Пит, консумацијата на марихуана и алкохол во комбинација со бесот. Извор близок на актерот тврди дека актерот е бесен бидејќи со тоа што го направила Анџелина ги ставила нивните деца во центарот на вниманието. Лут бил бидејќи измислувала приказни за него дека е потенцијален ризик за децата и наводно рекол дека Џоли ја отворила вратата на пеколот за нивното семејство со овој чин. Ги направила мета на папараци кои во голем број се наоѓаат пред нивната куќа.Други извори, пак, тврдат дека причината за разводот е тоа што Џоли најмила приватен детектив и дознала дека Пит ја изневерува со фанцуската актерка, Мерион Котиар, со која го снимаше филмот “Allied”.Како што пишуваат медиумите, Анџелина била толку љубоморна на Котиар, што воопшто не разговарала со нејзе кога одела на сетовите на филмот. „Анџелина ја игнорираше потполно Мерион на сетот, а кога таа се обиде да и се обрати, Џоли ја заврте главата на другата страна“, изјавил извор кој тврди дека немало ништо меѓу Пит и француската актерка. Таа е во врска со друг актер и по дознавањето на гласините дека двојката се развела заради нејзе, била потполно скршена. Извори блиски на двојката тврдат дека Анџелина и Бред не можеле да бидат веќе знаедно бидејќи нивните животи отишле во различни правци. Џоли сакала да биде хуманитарка, а Пит продолжил со холивудскиот начин на живот. Некои медиуми пишуваат дури и дека причина за нивниот развод е различниот начин на воспитување на децата. Пит бил строг родител и сакал неговите деца да почитуваат одредени правила, додека Џоли ниогаш не повишувала тон на нивните шест деца. Таткото на Анџелина Џоли изјавил дека нешто се случува со неговата ќерка . „Многу сум тажен. Нешто сериозно се случило со Анџелина, штом се одлучила на ваков чекор. Не знам за што се работи, загрижен сум за нејзе и децата. Се надевам дека наскоро ќе ги видам“, изјавил седумдесет и седумгодишниот актер Џон Војт.Со овој развод, поранешната жена на Бред Пит, Џенифер Анистон, по 12 години конечно дочека да рече „Тоа ти е карма“. Токму додека Бред Пит беше во брак со нејзе, ја започна врската со Анџелина Џоли, но сепак нејзините пријатели тврдат дека таа не ликува на разводот, туку жали за тоа што им се случило.Адвокатите претпоставуваат дека двојката има потпишано предбрачен договор, а прашањето сега е како ќе го делат богатството.Од моментот кога почнале да се забавуваат од 2004 година, двојката има заработено повеќе од пола милијарди долари пред оданочувањето, пишува Форбс.Адвокатот Џослин Дејвис вели дека Џоли би можела да се настрви на продукциската куќа на Пит „План Б“, чиј сопственик стана Бред Пит по разводот со актерката Џенифер Анистон во 2001 година, а заедничкиот бизнис со производство на вино на францускиот имот „Chateau Miraval“, вреден 40 милиони долари нема да се дели. Што се однесува на старателството над децата, над кое инсистира Анџелина, пресудата најверојатно ќе биде во нејзина полза, со алиментација. Личното богатство на Бред Пит се проценува на 240 милиони долари, додека богатството на Анџелина Џоли на 80 милиони долари помалку. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

