Македонија
АВМУ започна со мониторинг на медиумското известување за изборите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори.
Мониторинг тимот на Агенцијата и неколку надворешни соработници, секојдневно ќе ја следат 24-часовната програма на националните телевизии и радија. Согласно Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, предмет на мониторингот се два телевизиски и два радио сервиси на Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал, петте телевизии кои емитуваат програма преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, петте сателитски телевизии, четирите кабелски телевизии и две од националните комерцијални радија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.