Забава
Бесплатен отворен камп по Insanity и PiYo викендов во Скопје
Најдобриот инструктор по ултра популарните фитнес програми, Insanity и PiYo, Иван Германов од Бугарија, викендов во Скопје држи бесплатни интензивни тренинзи.
Иван, кој повеќе од 12 години е фитнес инструктор, отворениот тренинг камп го одржува во Synergy Fitness & Spa.
Вчерашниот час по Insanity помина со неверојатно големо внимание од јавноста. Над 50-на девојки и момци, но и постари вљубеници во најпопуларните во моментов фитнес програми во светот, Insanity и PiYo, буквално ја преполнија салата и вежбаа заедно со Иван.
„Прекрасно се чувствувам во Скопје и навистина сум изненаден од тоа колку луѓето тука сакаат да вежбаат. Insanity е фитнес програма која е изградена врз основа на програми за подготовка на професионални спортисти, но е адаптирана и направена да биде достапна за масовната публика и навистина ми е мило што вчера во 17:00 часот Synergy Fitness & Spa беше место во кое дојдоа многу луѓе и заедно споделивме позитивна енергија. Се надевам дека денеска, но и утре, исто така ќе биде многу забавно, особено на PiYo вежбите кои сe oдличен тренинг режим кој ми дава стабилност и цврстина. PiYo е комбинација од Пилатес и јога, но со малку поголем интензитет, изјави Германов.
Тренинзите кои ќе се одржат денеска, сабота, од 10:00 до 11:00 PiYo и од 16:00 до 17:00 часот Insanity, како и во недела од 12:00 – 13:00 PiYo вежби се бесплатни. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.