Забава
Домот во кој преноќил Освалд пред убиството на Кенеди станува музеј
Куќа во предградие на Далас во којашто Ли Хрвеј Освалд ја минал ноќта пред да го застрела американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди во средата е отворена како музеј, петнаесетина дена пред годишнината од атентатот.
Ли Освалд ја сокрил пушката со којашто подоцна го убил Кенеди во гаражата на скромната куќа во сопственост на Мајкл и Рут Пајн во местото Ирвинг, крај Далас. Оттогаш, куќата постојано ги привлекува љубопитните, па властите во местото ја откупиле пред неколку години и до најситните детали ја реконструирале според нејзиниот изглед од 1963 година.
„Се обидуваме да ја раскажеме човечката страна од приказната. Приказната за убиството на Кенеди е преполна силни ликови, но малку кој обрнува внимание на двете домаќинки коишто се занимавале со секојдневните работи и се нашле вмешани во центарот“, изјави Кевин Кендро, управител на локалниот архив.
Сопругата на Освалд, Марина, ја запознала Рут Пајн на забава за руските доселеници на почетокот од 1963 година и набрзо станала многу добри пријателки. Тогаш бремената Марина, живеел со Пајн којашто и’ помагала во бременоста, додека Освалд патувал и барал работа.
Идниот атентатор вообичаено доаѓал во куќата преку викендите кои ги минувал со својата сопруга. Меѓутоа, ненадејно се појавил во четвртокот вечерта на 21-ви ноември, вечер пред атентатот.
Сега 81-годишната Рут Пајн, којашто се иселила од куќата во 1966 година и живее во сојузната американска држава Калифорнија, за Reuters изјавила дена таа вечер ниту утрото ништо не изгледало поинаку отколку претходно. „Вечерта ги гледавме вестите, утрото Ли замина на работа, а јас со децата на забар“, рекла. Додала дека заедно со Марина за атентатот дознале од телевизијата.
„Немавме поим дека Ли е вмешан сé додека полицијата не ни затропа на вратата тоа попладне“, рекла Рут. Додала, исто така, дека не знаела оти Освалд ја криел пушката во нејзината гаража.
Куќата е целосно обновена како што изгледала на 22-ри ноември 1963 година. „Навистина направиле одлична работа“, коментирала Рут Пајн./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.