Забава
Во продажба најскапиот авионски билет кој чини 14.000 евра

Милионерите од сега, ќе можат да патуваат од Лондон до Мелбурн и назад, затоа што во продажба е најскапиот авионски билет на светот кој го нуди компанијата „Etihad Airways“, а чини 14.000 евра.
Тие што ќе купат ваква карта на располагање ќе имаат трособен апартман со личен батлер и кувар. Цената на билетот од Лондон до Мелбурн, го надмина до сега најскапиот билет за авион кој се плаќаше за релацијата Њујорк – Мумбаи, и чинеше околу 12.000 евра. Во авионот Airbus A380 на компанијата „Etihad Airways“, на летот патниците ќе имаат на располагање дневна соба, спална соба и купатило со туш кабина.Апартманот „The Residence“ е првиот трособен апартман на еден комерцијален лет и и помогна на компанијата да освои бројни награди за патувања од прва класа. Апартманот е со површина од 125 квадратни метри, се наоѓа на горната страна на авионот A380 и е достапен за едно или две лица. Дневната соба е опремена со 32-инчен LCD TV, кауч прекриен со кожа, две трпезариски маси, а обучени батлери служат јадења приготвени од готвачите на авионот. Од ходникот се влегува во спалната соба каде има голем брачен кревет прекриен со дизајнирана италијанска постелнина. На ѕидот е фиксиран 27-инчен LCD TV.Пред слетувањето патниците ќе можат да се освежат во купатилото каде има туш, огледало за шминка, и фен за коса. Во цената за картата вклучен е и луксузен транспорт до аеродромот, приватен check-in, пристап до приватен салон и лице задолжено за багажот.„Etihad Airways во моментот има три авиони кои се нарасполагање за лет од Лондон до Мелбурн, така што нашите гости може да уживаат во погодностите и удобностите на летот A380. Тоа е кулминација на долгогодишната работа и огромниот потфат на стотина луѓе“, вели високиот потпретседател за маркетинг на „Etihad Airwaysa“, Шејн О`Харе./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.