Забава
Двајца Руси со ’света вода’ го попрскаа мавзолејот на Ленин – ВИДЕО
Двајцата Руси се уапсени од московската полиција бидејќи имитирале прскање со „света вода“ на мавзолејот во кој се сместено мумифицираното тело на водачот на советската Октомвриска револуција, Владимир Илич Ленин на славниот Црвен плоштад во Москва, викајќи „Стани и оди“, објави порталот ОВД,
Двајцата приведени ја минале ноќта во притвор и очекуваат да бидат изведени пред судија по нивната „акција“ изведена во понеделникот, на денот на Богојавление кога се осветуваат водите. Обвинети се за хулигантство и може да одлежат 15 дена во затвор.
Според ОВД, невладина организација која ги следи приведувањата на прозападни активисти во Русија, станува збор за Евгениј Авилов и Олег Басов, наводно членови на ткн уметничка заедница Blue Rider.
Двајцата ги преместувале оградите пред мавзолејот и пота го испрскале со големи шишиња „света вода“ извикувајќи ги библиските зборови „Стани и оди““ неколкупати пред да бидат приведени./крај/мф/сн
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Маргарет Квали: Ми требаше една година за лицето да ми заздрави од маската во филмот „Супстанција“
Во недамнешното интервју за подкастот Happy Sad Confused, актерката Маргарет Квали откри дека ѝ била потребна една година кожата да и’ се опорави од иритацијата предизвикана од протезите на лицето користени за време на снимањето на филмот „Супстанција“. Состојбата била толку лоша што режисерката Корали Фаргеат морала да избегне да го покаже нејзиното лице во некои кадри.
„На самиот почеток во првите сцени, моето лице беше уништено“, рече Квали.
„Едноставно повеќе не можеа да го снимаат моето лице“.
Проблемите со акните предизвикани од протетиката продолжиле и по завршувањето на снимањето на филмот. Таа поминала низ овие тешкотии додека работеше на нејзиниот следен филм, Kinds of Kindness, каде играше четири лика – Вивијан, Марта, Ребека и Рут. Сепак, се покажа дека тоа е, барем делумно, предност за една од улогите во драмата на режисерот Јоргос Лантимос.
View this post on Instagram
„Го знаете ликот кој има многу акни? Па, тоа ми беа акните од протетика“, се пошегува ќерката на актерката Енди Мекдауел.
„Помислив: „Ова е совршено. Глумам многу различни ликови, а за еден од нив ќе ги искористиме моите луди протетски акни“.
View this post on Instagram
„Веројатно ми требаше една година физички да се опоравам од сето тоа“.
„Супстанција“ стана најголемото изненадување на овогодинешната сезона на филмски награди. Деми Мур го освои својот прв Златен глобус оваа година за нејзината главна улога во филмот, кој ја следи телевизиската ѕвезда која се бори додека користи мистериозна „чудотворна“ дрога за да создаде помлада и комерцијално попривлечна верзија од себе.
Забава
Се разведуваат Мишел и Барак Обама?
Се појавија шпекулации за можен развод на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. Шпекулациите беа поттикнати од фактот дека Мишел не присуствуваше на државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари 2025 година, но и со најавата дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година.
View this post on Instagram
Нејзиното отсуство поттикна шпекулации за можни брачни проблеми. Иако претставниците на Обама потврдија дека тој ќе присуствува на инаугурацијата, тие не дадоа објаснување за отсуството на Мишел. Оваа ситуација доведе до дискусии на социјалните мрежи, но и до написи во таблоидите.
„Се разведуваат ли Обама?“, „Каде е Мишел? Неволја во рајот?“, пишуваат коментаторите.
View this post on Instagram
Важно е да се напомене дека ова не е првпат да се појавуваат шпекулации за брачните проблеми на Обама. Во текот на годините медиумите повремено известуваа за наводни несогласувања и проблеми, но парот секогаш остана заедно, честопати јавно зборувајќи за предизвиците и компромисите во нивниот брак. Мишел во неколку наврати спомена дека поминале низ тешки времиња, но заедно ги надминале.
Ниту Барак ниту Мишел Обама не ги коментира озборувањата.
Забава
Пеп Гвардиола ќе се исели од семејниот дом по разводот: вилата ja купи за 10 милиони евра
Пеп Гвардиола наводно ќе се исели од семејниот дом во Барселона вреден 10 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми. Неодамна се појави веста дека шпанскиот фудбалски тренер и неговата сопруга Кристина Сера се разведуваат по повеќе од 30 години брак.
Тренерот на Манчестер Сити секогаш остануваше во семејната куќа кога се враќаше во Барселона. Луксузниот имот во најелитниот кварт на Барселона некогаш бил во сопственост на Рафаел Маркез, а Гвардиола го купил за 10 милиони евра пред четири години. Вилата има четири ката и голем базен, а зафаќа парцела од повеќе од 22.000 квадратни метри. Самата куќа е 8.000 квадратни метри.
Според шпанските медиуми, се очекува Пеп по разводот да се исели од вилата и да продолжи да живее во луксузен имот во Салфорд, Англија.