Забава
Џенифер Лопез на 18 години била бездомничка
Денес богатството на пејачката и актерка, Џенифер Лопез се проценува на 250 милиони долари, но Џенифер Лопез но Лопез открива дека кога била тинејџерка била бездомничка.
Четириесет и тригодишната Лопез вели дека по кавгата со мајка и Гвадалупе Родригез поради некои животни одлуки, морала да спие на каучот во студиото за играње каде што вежбала.
Џеј Ло сакала кариера во шоубизнисот, но нејзините родители не го одобрувале тоа, па поради ова се иселила од дома.
„Мајка ми и јас сме многу тврдоглави. Јас не сакав да одам на колеџ, туку сакав да се посветам на кариерата. Поради ова жестоко се скаравме“ вели Лопез.
„Спиев на кауч во своето студио за играње. Бев бездомничка, но реков „ова морам да го направам“. За само една година станав членка на танчерската група ‘Fly Girl’ и се отселив во Лос Анџелес“ вели Џенифер.
Меѓутоа, долго и требало да се навикне на холивудскиот стил на живот по Бронкс, каде израснала.
„Го мразев Лос Анџелес. Сега ми е на срце но тој не ми дава сила, каква што ми пружаше Бронкс. Цела сила која ми беше потребна да преживеам доаѓаше од тој крај“ вели Лопез./крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Карлеуша за Цеца по настапот во Велес: „Не е незнаење, тоа е дно“
Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.
Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:
„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“
Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.
Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:
„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“, која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.

