Македонија
„Јустиција“ префрлен во битолскиот суд, обвинетите револтирани
Предметот „Јустиција“, во кој обвинети се судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, се префрла во надлежност на битолскиот суд врз основа на решение на Врховниот суд.
На ова бурно реагираа и обвинетите и одбраната, според кои одлуката е незаконска и скандалозна и претставува „нов срам за македонското судство“. Одбраната ги побара барањето и одлуката врз основа на кои за надлежен се прогласува битолскиот суд, но не ги добија од судијката, која ја напушти судницата и истакна дека адвокатите можат само да извршат увид во одлуката.Овој предмет сé уште не започнат, а минатите две рочишта беа одложени неприсуство на две обвинети, кои биле тешко болни.Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври, беа уапсени дваесет ипет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 под сомнение за кривичното дело несовесно работење во службата. Јавно обвинителство – Скопје, во меѓувреме, склучи седум спогодби со судии и судски службеници кои ја признаа вината, и тие беа осудени на условна казна. Против петмина, пак, кривичната постапка беше запрена, бидејќи се утврдило дека нема кривично дело кај нив.Со обвинението се опфатени 13 лица. Меѓу нив има и пензионирани судии, додека останатите, кое се во работен однос, се суспендирани од работа. Сите обвинети се бранат од слобода. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Владата во вторник ќе донесе Одлука за доделување средства на ЈСП, за бесплатен превоз на студентите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали Владата ќе расправа за доделување на средства на ЈСП за бесплатен превоз на студентите, информираше дека во вторник на владина седница ќе биде донесена одлука, бидејќи сесијата започнува во јануари.
„Средствата се обезбедени во рамките на Буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31 декември, ќе донесеме откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука. Да се потпише договор за да можат тие средства веднаш да бидат префрлени на Јавното сообраќајно претпријатие, бидејќи сесијата започнува во јануари, да може студентите беспрекорно да користат го јавниот превоз во градот Скопје“, изјави премиерот.
Македонија
Мицкоски очекува Обвинителството да преземе мерки за информациите оти бил следен
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува разврска во однос на вчерашната изјава од собраниска говорница дека бил следен како лидер на паравоена формација, изјави:
„Финансиер. Инспиратор и финансиер на милитантна, вооружена, паравоена, параполициска и веќе не знам каква структура. Инаку она што е интересно, од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам, дебрифинзи се креирани на почетокот на 2020 година, кога е изборна година. Замислете една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која, располага со вакви информации, во која што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури, вооружени, а при тоа не го информира Министерството за внатрешни работи. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше господинот Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ. Останатото, еве оставам до Обвинителството, впрочем тоа зборувавме и со обвинителот на настанот. Да допре гласот на Обвинителството, па да видиме тие, дали овој глас ќе допре до нив и дали после ова допирање на овој глас, тие ќе преземат некакви мерки.“
Премиерот вчера обвини дека поранешната власт на СДСМ и ДУИ преку тогашните безбедносни служби незаконски биле следени тој и нивното семејство, под лажно обвинување дека како лидер на опозицијата бил организатор, финансиер и нарачател на „параполициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“
Македонија
Тошковски: Одделот за внатрешна контрола не утврди вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека била отворена истрага за полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме. Одделот за внатрешна контрола при МВР во рамките на утврдени дејствија кои што се сторени, не утврдил дека предметното лице прекршило било каква стандардна-оперативна процедура во рамките на полицијата.
„Во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметнотно лице, не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамки на Министерството за внатрешни работи колку што сум информиран. Подетално можеме да видиме што е, како е, понатаму“, вели Панче Тошковски.
Поради сквернавење на македонското и на албанското знаме, беа уапсени вкупно 17 лица, голем дел од нив малолетници.