Македонија
За 24 часа издадени потврди за влез во земјата на 3.458 мигранти
Во средата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3.458 странски државјани, од кои 1.652 се од машки пол, 652 се од женски, 971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 183 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.638, Авганистан–860, Ирак-478, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 18-ти ноември, издадени се потврди на вкупно 258.417 странски државјани, од кои, 152.372 се од машки пол, 39.275 се од женски, 53.275 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.495 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-158.986, потоа Авганистан-56.773, Ирак-21.228, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18-ти ноември до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Активни забрани за тешки товарни возила:
– Тетово-Попова Шапка
– КриваПаланка граничен премин Деве Баир
– Гостивар-Маврово-Дебар
– Гостивар-Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер
Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, информира УХМР.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Минималните температури ќе се движат од -6 до 3, а максималните од -4 до 4 степени целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
УХМР издаде портокалов аларм за снежна бура во Македонија – обилен снег и силен ветер од вечерва
Голема промена на времето во Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ке преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²).
Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег
Во Скопје почнувајќи од денеска во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.
Поради ваквите временски услови УХМР издаде портокалов аларм за најголем дел од територијата на земјава.