Македонија
На Дигестивна хирургија наредните три дена ќе се оперираат само итни случаи
Лекарскиот колегиум на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје одлучи во наредните три дена да не изведува операции и да врши прегледи, а ќе бидат примени само итните случаи.
„Кaко израз на револт и разочараност Лекарскиот колегиум на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје денеска едногласно одлучи дека во наредните три дена нема да се оперираат елективни случаи и да се вршат елективни амбулантски прегледи.Итните случаи соодветно ќе бидат згрижувани“, се вели во соопштението од Лекарскиот колегиум на оваа клиника.Лекарите се револтирани од говорот на омраза во јавноста и известувањето на медиумите за инцидентот што се случи во понеделникот на оваа Клиника, кога скопјанец пукаше кон лекарот кој ја оперирал неговата мајка која по операцијата починала.„Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје најостро го осудува говорот на омраза во јавноста искажан преку социјалните мрежи , портали односно пишаните и електронските медиуми. Она што особено нè загрижува е отсуството на реакција на повиканите институции истото да го спречат, осудат и санкционираат. Разбирајќи го незадоволството на граѓаните поради длабоко нарушената доверба: лекар-пациент, сепак е неразбирлив од наша страна повикот за линч на сите лекари. Згрозени сме од настанот кој се случи на 09.11.2015 година односно обидот за убиство на нашиот колега на неговото работно место и реакциите на јавноста. Читаме сè посилни повици за линч на лекарите и ширење на лажни информации за кои цврсто веруваме дека се невистинити. Се деградираат професионалци кои со љубов и пожртвуваност ја работат својата хумана професија и отсуството на поддршка во вакви тешки моменти особено нè повредува. Таквите реакции само го продлабочуваат јазот и никому нема да донесат добро, ниту, пак, водат кон некакво решение“, се вели во соопштението./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

