Македонија
Отворен Конкурс за прием на 25 идни поручници во АРМ

Министерството за одбрана го објави конкурсот за пополнување на 25 работни места во Армијата на Република Македонија, од специфични дејности.
На конкурсот се бараат лица кои имаат завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н. офицерски курс во времетраење од шест месеци, веднаш ќе бидат произведени во чин поручник и ќе добијат постојано вработување во Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Македонија.Во АРМ се бараат:- 1 лице за интендандантска служба – земјоделски факултет или економски факултет или технолошко-металуршки факултет (прехрамбена или текстилна насока);- 1 лице за метеоролошка служба – природно-математички факултет (насока физика или метеорологија);- 9 лица – доктори по општа медицина;- 12 лица за техничка служба и тоа: 7 дипломирани машински инжениери, 3 дипломирани електро инженери, 2 дипломирани инженери по информатичка технологија; – 2 лица за финансиска служба – економски факултет.Министерството за одбрана ги повикуваа сите лица не постари од 28 години возраст кои ги исполнуваат условите на Конкурсот, да се пријават и да ја искористат оваа уникатна можност да бидат поручници во Армијата на Република Македонија. Крајниот рок за пријавување е 01.10.2016 година.Сите информации можат да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.