Македонија
Кривичниот суд има два нерешени предмети стари 18 години
Во Основниот суд Скопје 1 има вкупно 477 стари нерешени предмети коишто се постари од две години, а два предмети во Кривично полнолетни датираат од 1998 година.
Ова го констатирале судиите од Апелациониот суд – Скопје при извршената работна посета на Кривичниот суд на 1 април оваа година. Според судиите од повисокиот суд, се очекува до крајот на оваа година или почетокот на наредната година сите стари предмети да бидат решени со првостепена пресуда. Судиите во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ангажирано и посветено работат на решавањето на старите предмети, кои најчесто се одолговлекуваат заради објективни причини, констатирале судиите од Апелациониот суд – Скопје при извршената работна посета на Кривичниот суд на 01.04.2016 година.Апелационите судии утврдиле дека поголем дел од предметите кои од претходно биле евидентирани како стари предмети, веќе се правосилно завршени, а некои од нив се во жалбена постапка. „Најчести причини заради кои доаѓа до одлагање на главните расправи по овие предмети се објективни, односно големиот број на обвинети и нивни бранители и нивно наизменично неприсуство на расправите, што може да се заклучи како нивно тактизирање. Потоа неприсуство на Јавниот обвинител, иако е уредно викан, како и неприсуство на вешти лица и сведоци за кои судот оценил дека истите треба непосредно да се сослушаат на главна расправа“, констатирале судиите од Апелациониот суд.Во дел од предметите констатирано е дека доаѓа до одолговлекување на постапката бидејќи до судот навреме не се доставуаат вештачења од институциите, а во дел, главните расправи се одлагаат бидејќи од затворот „Идризово“ и затворот „Скопје“ не се спроведуваат обвинетите по испратени наредби од страна на судот, како и непостапување на надлежните државни органи за спроведување на наредбите за приведување на обвинетите од пријавените адреси на кои живеат.Според судиите од повисокиот суд, во предмети со повеќе обвинети лица кога се забележува наизменично неприсуство на обвинетите заради што доаѓа до одлагање на главната расправа, судот во согласност со законските одредби од стариот Закон за кривична постапка, има можност да определи притвор за да ги обезбеди обвинетите кои избегнуваат да присуствуваат на главната расправа. Воедно за секое неоправдано неприсуство на овластениот тужител на главна расправа, судот согласно ЗКП за ваквото однесување на обвинителите треба да го извести Основно јавно обвинителство.„При повторното постапување по предметите кои во жалбена постапка биле укинати, Апелациониот суд констатирал дека судиите од Кривичниот суд ги преземаат потребните дејствија согласно укажувањата на второстепениот суд“, соопштуаат од Кривичниот суд./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

