Забава
Франција: 1,8 милиони евра отштета за замена на бебињата
Судот во јужниот француски град Грасе одреди во вторникот 1,88 милиони евра отштета за семејствата на две жени на коишто по грешка во родилиште им биле заменети бебињата.
Семејствата бараа отштета до 12 милиони евра, но судот одреди приватната клиника во којашто се случила замената на децата да плати по 400 илјади евра за секое заменето дете, а остатокот на родителите и браќата, пишуваат француските медиуми.
Неверојатната приказна започнала пред две децении во Кан, кога Софи Серано го родила девојченцето Манон. Бебето заболело од жолтица и било ставено во инкубатор на фототерапија. До неа било друго женско новороденче, Матилда, со истиот проблем.
Медицинската сестра по завршувањето на терапијата девојчињата ги вратила на погрешните родители. Мајките почувствувале дека нешто не е во ред, па г-ѓа Серано му укажала на лекарскиот персонал дека нејзината ќерка сега има потемен тен. И’ било објаснето дека тоа се случило поради ефектот на светилките во инкубаторот.
Со текот на годините сомневањата станувале сé поизразени. Со Манон Серано често во селото се шегувале дела е „ќерка на поштарот“, бидејќи била сосема поинаква од татко и’. Кога имала десет години, таткото решил да направи тест на татковство. Се покажало дека не и’ е биолошки татко. А уште поголем шок настанал кога се утврдило и дека Софи Серано не и’ е биолошката мајка.
Со истрагата којашто потоа била спроведена утврдено е дека нивната биолошка ќерка живее во семејство оддалечено 30-ина километри.
Двете семејства се сретнале, но се одлучиле дека нема да се обидат повторно да ги заменат за сега возрасните девојки да живеат со биолошките родители. „Социјалните, образовните и културните разлики, меѓу двете семејства, беа преголеми и само ја засилија болката“, изјави на почетокот од декември Софи Серано.
Меѓутоа, двете несреќни семејства се договориле да ја тужат клиниката во Кан, но спорот го загубиле поради застареност на предметот. Сега, пак, со граѓанска тужба бараа отштета од вкупно 12 милиони евра. Ги тужеа клиниката, лекарите кои го вршеле пораѓањето и медицинската сестра којашто ги заменила бебињата.
Болницата во Кан ја призна грешката, но за неа ја обвинува медицинската сестра којашто тогаш имала проблеми со алкохолизмот. Од болницата, исто така, на судењето во декември порачаа на дека немаат намера да ја платат отштетата, но сепак судот ја утврди нивната вина./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

