Култура
The Membranes на 7 септември во МКЦ
Култниот англиски пост панк-ноиз бенд „The Membranes“ во рамки на ексклузивната балканска турнеја на 7 септември ќе бидат специјални гости во МКЦ, во рамките на настанот по повод отворање на муралот на групата ЗЕРО.
The Membranes се оформени кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век во Блекпул, а со својата музика и неверојатно енергичните настапи во живо го отворија патот за бендови како Big Black, Sonic Youth…The Membranes“ се првиот бенд што потпишал договор со славната издавачка куќа Creation records (My Bloody Valentine, Jesus and Mary Chain)Легендарниот радиоводител John Peel редовно пуштал песни од The Membranes во своите емисии, а во 1984 нивна песна се наоѓа на 6-то место на неговата топ 50 листа.По шест студиски албуми и повеќе стотици концерти бендот решава да земе пауза, која трае/ше „само“ 19 години. Нивната манијакална енергија на бината и нивната музичка имагинација влијае на целата андерграунд сцена во осумдесеттите, за што лидерот на бендот и пејач, а подоцна и новинар, John Robb пишува во своите книги (на пр. Death To Trad Rock).Во 2009 година The Membranes повторно се активираат по долгата пауза да настапат на фестивалот “All Tomorrows Parties” на повик на My Bloody Valentine и Shellac. Минатата есен бендот го објави и новиот албум (по 26 години пауза), а албумот “Dark Matter/Dark Energy” наиде на пофалби и од страна на критиката, и од страна на фановите.Веќе цела година бендот е на константна турнеја и настапуваат на големи фестивали (Glastonbury), како и мали клубски свирки, и како гости на турнеи со нивни стари пријатели (Stranglers, Therapy?).The Membranes секогаш имале огромна поддршка од колегите музичари, а нивни големи фанови се Mark Lanegan, Kevin Shields, Mogwai, Mercury Rev, Godflesh, The Pop Group, Steve Albini…Инаку, лидерот на бендот John Robb e поранешен член на Goldblade, бенд што има настапено во Скопје во 1995 година во рамки на легендарниот Т Фестивал.John Robb денес е еден од највлијателните музички критичари и уредник на веб-сајтот www.louderthanwar.com, Како локална поддршка на концертот на The Membranes ќе настапи најпознатиот скопски акустичен арт-терорист на денешницата, апокалиптичниот експериментатор, Волтер Мани Ал Хаким. Како и секој терорист, тој се појавува одненадеж и исчезнува како некаква чудесна мелодиска поплава, дисонантно одѕвонувајќи по калдрмите на умот. Познат е по неговата хипнотичка избувливост и страст. За оваа прилика тој ќе настапи само на еден електричен инструмент и на радиоприемник, со композиции што изобилуваат со меланхолична апокрифна дистанца, варирајќи од инди-рок, па сè до некаков дистанциран и етерично ангажиран глобален политички контекст. Го нарекуваат кантавтор на буката и теророт, човекот што ниту сонува ниту е буден, тој едноставно го отсликува модерното секојдневие.Специјални гости на настанот се СИЗ, бенд што ќе ги придружува The Membranes на целата балканска турнеја со настапи во Софија, Белград, Нови Сад, Загреб и Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Македонскиот проект „Балада за лонецот и капакот“ доби 9.000 евра за развој на сценарио
Филмот „Балада за лонецот и капакот“ во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Ивана Шекуткоска и Минимал Колектив Продукција, е меѓу избраните проекти што ќе добијат финансиска поддршка во рамки на 2025 Funding Round на SEE Cinema Network.
Официјалната најава беше објавена во рамки на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун (TIFF66), каде што SEE Cinema Network ги претстави добитниците на овогодинешниот развоен фонд, соопшти Агенцијата за филм.
Секој од поддржаните проекти ќе добие 9.000 евра наменети за развој на сценарио и подготовка на продукција.
Култура
Нова меѓународна награда за „Златната пеперутка“ со Биби и Боби
Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната Пеперутка“, со омилените детски херои Биби и Боби, освои ново меѓународно признание – наградата „Млади Хоризонти“ (Young Horizons Award) на престижниот CEE Animation Forum, што се одржа од 4 до 6 ноември во Плзењ, Чешка.
На форумот беа претставени 29 проекти од 15 земји, пред повеќе од 200 претставници од европската анимациска индустрија: продуценти, режисери, телевизиски уредници и дистрибутери.
Ова е втора награда за „Златната Пеперутка“, по MIA Development Award која проектот ја доби во октомври годинава на MIA Market во Рим – еден од водечките европски филмски пазари.
„Франција ги има Астерикс и Обеликс и Мињоните, Англија ги има Валас и Громит, Русија ги има Маша и Медо, Хрватска го има Балтазар, а Белгија го има Тин-Тин. Нашата цел е децата од светот да слушнат за Македонија преку Биби и Боби“ – изјави режисерот Гоце Цветановски.
„Златната Пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство. Во филмот, Биби и Боби патуваат во амазонската џунгла во потрага по легендарната златна пеперутка, симбол на рамнотежа меѓу човекот и природата. Нивната мисија ги води кон митскиот град Ел Дорадо, каде ќе мора да ги здружат своите сили за да ги победат темните сили што демнат во џунглата.
Македонски продуценти на проектот се Македонска Крепост, Светот на Биби и Тун Моушн Студиос, а филмот ќе се реализира во копродукција со Аргентина, Шпанија, Колумбија и Бразил.
Култура
Балетското дело во два чина „Госпоѓа Бовари“ на 18 ноември на сцената на Националната опера и балет
На 18 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.

Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Климент Тодороски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.

Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија, постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи незаборавно сценско искуство.

