Надворешна политика
Челниците на Хрватска и Словенија во работна посета на Македонија
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и нејзиниот словенечки колега Борут Пахор ќе престојуваат во вторник и во среда во работна посета на Македонија, каде што ќе се сретнат со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, ќе го посетат транзитниот центар за мигранти „Винојуг“ кај Гевгелија и ќе се сретнат со хрватските и словенечките полицајци кои им помагаат на македонските колеги во обезбедувањето од илегални преминувања на македонско-грчката граница, по ткн балканска рута.
По трилатералната средба на тројцата шефови на државите, како што објавија нивните кабинети, Грабар-Китаровиќ и Пахор ќе се сретнат со челниците на главните македонски политички партии, најавија во понеделникот од кабинетот на хрватската претседателка, пренесе агенцијата Hina.
Во среда, тројцата претседатели заедно ќе го посетата транзитниот мигрантски центар „Винојуг“ крај Гевгелија, каде ќе се сретнат со полициските службеници од Хрватска и од Словенија, се наведува во службените соопштенија.
Посетата на Македонија на челниците на двете земји членки на Европската унија кои е наоѓаат на ткн балканска бегалска рута, доаѓа веднаш по инцидентот на грчко македонската граница, кога неколку илјади бегалци организирано се обидоа да ја преминат граничната ограда и да влезат на македонска територија и да продолжат кон северна Европа, при што дојде до судир со македонските безбедносни служби.
Од затворањето на ткн балканска рута веќе имаше неколку судири на полицијата и мигрантите. За ваквите проблеми Иванов и Грабар-Китаровиќ кон средината на март телефонски разговараа за инцидентот кога неколку стотици мигранти се обидоа илегално да влезат во Македонија при што тројца се удавија.
Двајцата челници тогаш се согласија дека е неопходно да се стори сé за да не се повторат таквите инциденти, а Иванов детално ја информираше хрватската претседателка за тој обид за неконтролирано минување на границата.
Македонскиот претседател тогаш се заблагодари на хрватските полицајци распоредени во Македонија, кои исто така учествуваа во акцијата за спасување на мигрантите од давење, а кои во саботата, исто така, ѝ асистираа на македонската полиција во откривањето на обид за криумчарење мигранти.
Иванов тогаш најави дека и натаму Македонија ќе постапува во согласност со одлуките на Европскиот совет и ќе ги следи постапките на другите држави од балканската рута и оти нема да дозволи илегални влегувања на мигаранти на македонска територија./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.