Македонија
Тодоров: Чувствувам морална одговорност, но вакви ситуации не можат да се спречат
Министерот за здравство, Никола Тодоров чувствува морална одговорност за инцидентот што се случи во понеделникот претпладнето скопската Клиника за дигестивна хирургија, но вели дека вакви ситуации не може да се спречат.
„Чувствувам морална одговорност како министер за сé што се случува во здравството, меѓутоа вакви ситуации не може да се спречат“, рече министерот Тодоров на прес-конференција попладнево.Вели дека нападот е без оправдување и ги повика органите на прогонот да го расчистат случајот. Според него, ризикот од вакви настани постои секаде, имајќи предвид дека станува збор за здравствени институции, каде што не е практика да постои вооружено обезбедување, а невозможно e и да се воведе детален преглед на сите кои влегуваат и излегуваат од болниците.„Дури и лекарот и да згрешил, што не е случај за овој пациент, никој не смее да ја зема правдата во свои раце, за тоа си има надлежни институции“, рече Тодоров.Директорот на дигестивна хирургија, Александар Караѓозов, изјави дека операцијата врз пациентката била со висок ризик, за што било известено нејзиното семејство, коешто, пак, дало согласност таа да се изведе. Зафатот минал без проблеми и без никакви пропусти во начинот на лекување.Телото на починатата е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.Утрово скопјанец рани хирург, револтиран поради тоа што починала неговата мајка по направена операција на Клиниката. Тој и трите лица кои биле со него, се приведени./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

