Забава
Пет градови во кои ќе посакате да се изгубите
Да тргнете во погрешен правец во непознат град понекогаш и не е така лошо. BBC пишува дека на тој начин најдобро ќе се запознаете со сите тајни на градот, ќе ја почувствувате вистинската атмосфера и подобро ќе се запознаете со локалното население.
Секако, постои добар и лош начин да се изгубите, а најдобро е тоа да го направите намерно, кога имате време, се разбира. Некои градови просто ве мамат да допрете до нивните најскриени агли и да се изгубите, а BBC препорачува пет градови во кои е пожелно да ја оставите мапата на страна.
Венеција
Од оваа културно-историска скапоценост на северот на Италија нема да можете да се одвоите. Прво што ќе забележите се непрегледните идентични канали и мостови преку кои излегувате на тесни и слепи улички. Но, се исплати да се изгубите во Венеција затоа што секој метар има бајковита убавина.
Варанаси
И по сто пати да поминете по иста улица на овој индиски град, секој пат ќе најдете начин да се изгубите. Но, немојте да зажалите затоа што во градскиот лавиринт ќе откриете храмови, неодоливи продавници и квалитетна свила. Не грижете се доколку се изгубите. Возачите на рикши ќе бидат пресреќни да ве вратат дома за прифатлива цена.
Лондон
Повеќето туристи кои ја посетуваат англиската престолнина, знаменитостите ги посетуваат така што од едно на друго место се возат со метро. Ефикасно да, но воопшто авантуристички. Обидете се да пешачите и ќе бидете наградени со големи трговски центри и скриени дворци. За да отидете на местото каде што сте тргнале, само побарајте го препознатливиот знак на лондонската подземна железница.
Токио
Брзиот ритам и треперењето на милиони неонски светилки може да предизвикаат главоболка. Препуштете се на дезориентираноста и скршнете од патот за да ги откриете скромната и несовршената страна Токио. Како и во Лондон, Токио има совршен организиран јавен превоз, па лесно ќе се снјадете.
Истанбул
Постојат барем две добри работи од скршнувањето од центарот на Истанбул.Едната е дека хотелите и напорните трговци со килими ќе ги замените со локални продавници за чај, паркови и прекрасни куќи. Другата е дека лутањето ќе ви биде наградено со прекрасен поглед на Босфор. Ако сакате да се вратите во туристичката зона, запрете кај еден од локалните продавачи и прашајте го да ве упати до Сината џамија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

