Македонија
Сончево со слаб североисточен ветер

Сончево, во планинските подрачја со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 11, а максималната од 20 до 26 степени.Во Скопје и околината сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 7, а дневната до 23 степени.Следува период на претежно сончево време со свежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, особено од средината на неделата. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во затворот „Идризово“, соопштија од Кривичниот суд.
„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска“, се наведува во соопштението.
Покрај судиите кои се иззема од постапување пред оцена на обвинителниот акт, дополнителнио и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска се изземаа од постапување по предметот заради лично познанство со дел од оштетените.
Како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи.
Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини.
Од Судот информираат дека поканите до странките се веќе во фаза на достава.
Македонија
ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Либерално-демократската партија го осудува случајот со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во неговата родна Струга. Ова најдобро ја отсликува „грижата“ за културното наследство, кое е оставено на милост и немилост од страна на локалните шерифи, велат од ЛДП.
„Малески е дел од НОБ, важи за еден од најпознатите македонски творци, воедно е и автор на нашата химна „Денес над Македонија“ и е важен дел од македонското современо творештво“, соопшти ЛДП.
ЛДП од надлежните институции бара брза и ефикасна истрага за тоа која е причината и како дошло до уривање на цел еден ѕид од куќа, кој го издал одобрението за градба и кој ги контролирал работите на терен.
„Воедно, бидејќи се работи за сквернавење на заштитен споменик на културата, прогласен за културно наследство, бараме сторителот на делото да сноси и кривична одговорност и да послужи за пример на сите оние кои во иднина ќе помислат да сквернават заштитено културно наследство“, се додава во соопштението на ЛДП.
Македонија
Фон дер Лајен во Македонија: Земјата заслужува да оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова, ја нагласи јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ, за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздрави значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред.
Од Кабинетот на Сиљановска – Давкова соопштија дека на средбата претседателката ја реафирмирала посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.
Урсула фон дер Лајен пак, разговорот го започнала со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани.