Македонија
Фридом хаус: Македонија не е повеќе изборна демократија

Македонија со оценка од 3,5 не е повеќе во категоријата изборна демократија, туку е делумно слободна според најновиот Извештај на Фридом Хаус за слободата во светот во 2015 година, објавен во среда.
Политичките права во Македонија се оценети со 4, на скалата од 7, а граѓанските слободи со оценка 3.Македонија, Босна и Херцеговина и Косово во 2015-та страдале од парализирачка нефункционалност на нивните влади, што ги уназадиле демократските придобивки и приклучувањето кон ЕУ го направило далечна перспектива, стои во извештајот на Невладината организација на Фридом хаус со седиште во САД. Исто така, американската организација наведува дека „надолниот тренд во Македонија се должи на натамошните информации за сериозни недостатоци во изборите во 2014 година, кои доведоа до опозицискиот бојкот на Собранието. Новите информации се поврзани со скандалот со распространетото владино следење на политички и верски лидери, новинари и приватни граѓани”.Македонија останува во категоријата делумно слободни држави, заедно со Албанија, Босна, Косово и Црна Гора од Балканот. Заедно со, Хондурас и Малдивите, Македонија го загуби статусот на изборни демократии./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.