Македонија
Општина Центар: Ако вработените во ОУ „11 Октомври“ се одлучат на штрајк, први ќе ги поддржиме
Во моментот кога вработените во основното училиште “11-ти Октомври“ би се одлучиле на штрајк, градоначалникот и вработените во општина Центар ќе ги поддржат и први ќе излезат да штрајкуваат пред институциите каде што се кочи работата, а тоа се Министерството за образование и Централниот Регистар, се вели во соопштението од Општина Центар.
Од таму информираат дека општината навреме и целосно ја исполни својата обврска, за да можат вработените во училиштето да добијат плата.
„Во вторникот, откако по налог на В.Д. директорот Васко Лазаревски, Даниела Костадинова го потпиша документот за плати и беше доставен во општина Центар, надлежните во Секторот за финансии веднаш ги подготвија сите документи и ги доставија до Министерството за образование. Зошто личниот доход не им е исплатен на вработените, можеме само да претпоставиме“, пишува во соопштението.
Според нив, вчерашните објави во некои медиуми за случувањата во училиштето се нарачани и тенденциозни.
„Очигледно, некој во училиштето посакува и прави сè да се создаде незадоволство и да се предизвика штрајк“, вели локалната власт.
Тие уште додаваат дека Централниот Регистар на РМ сè уште не се изјаснува околу тоа кој е овластен потписник од основното училиште – разрешената директорка Даниела Костадинова или назначениот В.Д. директор, Васко Лазаревски.
„Случајно или намерно, оваа институција за само еден час донесе одлука да и’ го признае потписот на Костадинова, откако таа за неколку часа го доби спорот во второстепената владина комисија за одлучување по жалби. Зачудува и загрижува селективната ажурност на овие владини институции“, се вели во соопштението од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

