Македонија
СЈО барало изземање на судијката во „Тврдина“ само за Јанкулоска
Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка, Александра Поп Стефанија, само во случајот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Како што објаснуваат од СЈО, основот за барање за изземање на судијката било тоа што Јанкулоска сé уште била вработена во ВМРО-ДПМНЕ, а сопругот на судијката Поп Стефанија, исто така, бил вработен во партијата во огранокот од Неготино. Поп Стефанија пред да дојде во Кривичниот суд судела прекршоци во Судот во Неготино.Во четвртокот беше прекинат распитот за Јанкулоска и за неа и за останатите тројца осомничени во случајот „Тврдина“ за кои се бараат мерки за претпазливост, распитот треба да продолжи кога претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, ќе се изјасни дали ќе ја изземе судијката од случајот. Тој има рок од три дена да се изјасни, но со оглед на тоа што следува викенд, одлуката се очекува наредната недела.На распит во Судот попладнето дојде Началниот на Петтата управа, Горан Грујевски, кој е првоосомничен во случајот и за него СЈО побара притвор. Сепак судијката го одби предлогот на СЈО и му одреди мерки на претпазливост односно му ја одзеде патната исправа. Решението за мерката на Судот сé уште официјално не стигнало до СЈО и од таму најавија реакција кога ќе го примат решението. Јанкулоска во четвртокот беше во судот околу три часа и по распитот изјави дека е спокојна и дека не извршила кривично дело. Го обвини СЈО дека води политичка битка и дека работи по наредби на опозициската партија, СДСМ.Случајот „Тврдина“ кој го отвори СЈО се однесува на уништвањето на опрема на Министерството за внатрешни работи во времето кога Министерка беше Јанкулоска. Таа изјави дека управуавњето со опремата е оперативно прашање што го водат професионалци и не коментираше ништо конкретно зa уништувањето на опремата.Јанкулоска дојде на распит за овој случај по втор пат бидејќи Кривичниот совет на Судот го врати предметот на повторно одлучување откако судијката ги отфрли барањата за притвор и мерки за претпазливост и ја оспори надлежноста на СЈО. СДСМ поднесе кривична пријава против судијката оспорувајќи го нејзиното префрлање во Основниот суд Скопје 1.
Грујевски помина неколку дена во притвор кога СЈО го отвори овој случај, но оваа мерка му беше заменета со куќен притвор. Потоа тој беше ослободен со одлуката за аболиција на Претседателот Ѓорге Иванов, но со поништувањето на истата, предметот повторно влезе во судска процедура./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.

