Забава
Започна сезоната на карневалите низ бразилските градови
Главното национално празнување во Бразил, карневалите, започнаа од петокот вечер, како во големите градови, така и во најмалите села ширум земјата, со празнични паради и танци во ритамот на самбата кои ќе траат следните пет дена.
Формалниот почеток на сезоната на карневалите започна со церемонијата во Рио Дежанеиро. Градоначалникот, Едуардо Паес му ги предаде клучевите на градот Кралот Момо, симболот на сѐ што е претерано, „монархот“ на карневалот кој го најави почетокот на манифестацијата. Од петокот навечер до крајот на карневалот во центарот на Рио, каде што беше отворен традиционалниот „Самбодром“, ќе мината 492 карневалски поворки на водечките танцови школи за самба во Бразил. Во текот на карневалот, школите за самба ќе се натпреваруваат за титулата најдобра, претставувајќи ги пред јавноста костимираните импровизации на најразлични теми.
Вкупно, карневалот во Рио, според предвидувањата на локални власти, треба да го посетат шест милиони луѓе, околу 700 илјади повеќе од минатата година. Доколку предвидувањата се обистинат, тоа ќе претставува нов туристички рекорд за Рио Дежанеиро. Градскиот оддел за туризам објави дека хотелскиот фонд легла е исполнет за повеќе од 95 отсто, и покрај традиционално зголемување цени. Бројот на гостите ќе се зголемува до неделата кога во градот се очекуваат да пристигнат осум меѓу најголемите туристички крстосувачи, па за безбедноста во Рио се ангажирани 14.500 полицајци.
Карневалот Сао Паоло, исто така, почна во петокот навечер со танцот на илјадници изведувачи на традиционалната самба, на кои не им пречеше ниту дождот врз овој мегалополис на југот од Бразил. Седум школи на самба, кои се натпреваруваат во креативноста, ја отворија свеченоста во ритамот на тапани и во шарените блескави костими со перја во поворка минаа по самбадромот во Сао Паоло. Во сабота на овие седум ќе им се придружат седум школи а натпреварувањето за титулата најдобра школа за самба ќе трае до понеделник. Секоја школа ќе се претстави со по четири илјади танцувачи. Карневалот во Сао Паоло кој пред 20 години востанови „амбасада на самбата“ не е познат како оној во Рио Дежанеиро, но секоја година е сѐ подобро организиран и сѐ повеќе се шири.
Инаку првите карневалски манифестации во Бразил започнаа неколку дена пред официјалното отворање со поворката на карневалските платформи на секоја од школите за самба по улиците на Рио Дежанеиро и другите градови. Покрај Рио град познат по своите карневали Салвадор-да-Баија и Ресифе.
За разлика од претходните години, карневалите оваа година се одржува во сите региони на земјата. Меѓутоа, карневалската поворка беше откажана во државата Рио Гранде до Сул, каде во пожар во ноќен клуб во градот Санта Марија кон крајот на јануари загинаа според последните информации 238 луѓе.
Во државата Санта Катарина во јужниот дел од земјата карневалот ќе се одржи под строга безбедносна контрола, имено во градот се распоредени 10 илјади полицајци поради неодамнешното во избувнување на насилството што го зафати регионот последниве години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

