Култура
Прво издание на меѓународниот детски фестивал на куклен театар ФЕНЕР
Првото издание на меѓународниот детски фестивал на куклен театар ФЕНЕР ќе се одржи на 7ми и 8ми април во Скопје во организација на Буден Театар.
Фестивалот се одвива во Универзалната Сала во Скопје и ќе бидат прикажани 3 куклени претстави за деца, ќе бидат одржани неколку креативни детски работилници и една интерактивна изложба.
Фестивалот Фенер е прв фестивал во Македонија кој во својот фокус ја има куклата – театарски медиум кој најдиректно комуницира со децата.
Фестивалот се отвара во 11.30 часот на 7ми април, со изложбата на интерактивни картонски играчки на украинската уметница Викторија Книш.
Првиoт фестивалски ден, два пати ќе биде изведена претставата на реномираниот Дански Театар Рефлексион “ Песни од Горе“, во 17 и во 19 часот. Претставата се игра во шатор, за најмногу 40 луѓе публика, и во тоа интимно бело пространство, покриено со звезди, времето започнува да тече на сосема поинаков начин.
Вториот фестивалски ден, 8 ми април, во 17 часот ќе се одигра “Мокра Приказна“ на Илкова Театар од Софија. Претставата е работена според книгата “Приказните на Ане“ на Стефан Цанев. Претставата ни раскажува за едно малечко девојче кое почнува да плаче надевајќи се дека така ќе го убеди татка си да и ја купи посакуваната топка. Таа плаче толку силно, што го наводенува целиот град, и во таа поплава се раѓаат уште неколку нови интересни приказни кои актерката ни ги раскажува исто така водено – со водени боички и вода.
Фестивалот се затвара во 19 часот со претставата на самите организатори – Буден Театар, “Муминтрол и Зимата“, која е работена според книгата на финската авторка Туве Јансон. Претставата не запознава со измислените суштества од светот на авторката, пред се со малечкиот Муминтрол кој за разлика од сите Муминтролови кои хибернираат се разбудил среде зима. Преку имагинативна сценографија и кукли, совршена музика и неодолив хумор, претставата успева на децата да им пренесе порака да бидат отворени кон промените и да им приоѓаат на новите нешта во животот без предрасуди. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

