Македонија
Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 14 степени. Продолжува периодот на стабилно и потопло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините. И утре ќе има услови за утринска магла по одделни котлини. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани во текот на утрешниот ден, кога ќе се случува погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница.
МВР се задолжени за преземат безбедносни и сообраќајни мерки, а за медиумите изготвен е протокол – да бидат оддалечени на 300 метри од капелата за да се заштити приватноста на семејствата и безбедно да се следи погребот.
Македонија
Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата сигурност, а во врска со издавањето на согласности за функционирање на диско клубот „Пулс“ во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди.
Од Кривичниот суд попладнево информираа дека притворот е определен поради опасност од бегство, околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Со почит, Основен кривичен суд Скопје.
Македонија
Погребот во Кочани без дронови, новинарите во посебна зона на 300 метри од влезот на капелата

Владата во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.
За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови).
Овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.
Имајќи ја предвид чувствителноста на оваа трагедија и универзалните етички стандарди за професионално известување, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува сите новинари и медиуми да се придржуваат кон следниве етички принципи:
Почитување на личната болка и достоинството – Новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите.
Избегнување на сензационализам – Известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа.
Објавување на проверени информации – Треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации.
Зачувување на баланс и непристрасност – Медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за јавна вознемиреност.
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18 март за оваа трагедија, исто така ја истакна важноста на етичкото известување. Глобалната повелба за етика на IFJ ја подвлекува должноста на новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето и да ја стават точноста над брзината при пренесувањето на вестите од овој трагичен настан.
Со цел да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе ПРЕСС обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи.