Црна хроника
Нови 26 кривични пријави во полициската акција „Гора“
Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за економски и компјутерски криминал во текот на месец мај годинава во рамките на операцијата „ Гора’ поднесе 26 кривични пријави против 27 физички лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 27 кривични дела од кои 25 дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“„пустошење на шума“ и „кражба“.
Во случаите во кои се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“, 25-те пријавени лица, кои се на возраст од 23 до 58 години, се јавуваат во улога на возачи на товарни моторни возила кои за сметка на правни лица во голем број наврати вршеле јавен превоз на стоки -дрвени асортименти, од местото на сеча до складишта без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Против 39-годишно лице од Скопје поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба“ и против 25-годишно лице, исто така, од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Имено, кривично дело „пустошење на шума“ првопријавениот го сторил во локацијата Дол, во Општина Петровец, каде што со рачна моторна пила соборил повеќе стебла даб во количество од 1,40 кубни метри огревно дрво. При обид да биде легитимиран од страна на полициски службеници од полициската единици „Алфа“ пријавениот се дал во бегство. На местото на настанот биле пронајдени трактор „553 ИМТ“ со приклучна приколка, исечени дабови дрва, рачнa моторна пила и други предмети. По завршеното вештачење со пријавениот извршен е службен разговор во полициска станица, за настанот известена е Шумска полиција и им се предадени Трактор ИМТ 553 црвена боја, импровизирана приколка и огревно дрво даб во количина од 1,40 м3. Со кривичното дело првопријавениот го оштетил Буџетот на земјата за 9.800,00 денари.
Второто кривично дело „кражба“ двајцата пријавени го сториле со бесправна сеча од туѓа шума каде што исекле повеќе дабови стебла во вкупна количина од 5,20м3, кои потоа ги транспортирале и пренеле до земјениот пат од селото Кожле кон селото Блаце, со намера украдената дрвна маса да ја превезат до селото Петровец, во скопско, за натамошна препродажба. Притоа, на 28-ми април годинава, пријавените дел од бесправно исечените дрва во количество од 1,70 м3 ги натовариле на рачно направена товарна приколка влечена од трактор, но биле забележани и лишени од слобода од страна на полициски службеници.
При контрола од страна на полициски службеници и службеници од Шумска полициска било утврдено дека со тракторот со приколка превезуваат 1,7 м3 огревно дрво, а во непосредна близина биле пронајдени наредени исечени огревни дрва во количина од 3,5 м3 претходно бесправно исечени дрва од туѓа шума./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

