Македонија
Затворени граничните премини кон Грција поради штрајк на грчките земјоделци

Граничните премини кон Грција во текот на средата ќе бидат затворени во одреден временски период, поради штрајкот на грчките земјоделци, соопштуваат од АМСМ.
„Во времето од 11:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 20:00 часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Македонија кон Грција на ГП,,Ники”, поради штрајк на грчките земјоделци (фармери). На ГП „Стар Дојран“ блокадата е од 11:00 до 14:00 часот, а на ГП,,Евзони” од 11:00 до 13:00 часот“ соопштуваат од АМСМ.Инаку, сообраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места.Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони./крај/амсм/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под контрола, по што повторно избувнува.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно биле поставени во полукружна одбрана, огнот бил сопрен во близина на самите објекти. Состојбата ја опиша како драматична.
„Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов.
Упати голема благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и Полицијата, Волци, Ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита, како и до вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми. Благодарност упати и до Илија Бојаровски – задолжен за односи со јавноста, за кој Ангелов рече дека се наголтал прашина и чад снимајки пеколни сцени, за пожтвуваната борба против пожарите кои беснееја низ државата.
Македонија
Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка платформа „Независни заедно“.
Ивановска најави дека во кампањата ќе се фокусира на решенија, а не на лични напади. Таа истакна дека во Центар ги дели истите проблеми со граѓаните и дека правдата, интегритетот и одговорноста се вредности кои ќе ги применува во креирањето на политики.
„Мојата визија е Општина Центар да биде на граѓаните, а не на профитот. Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните“, рече Ивановска.
Во рамки на платформата „Независни заедно“ членуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“. Платформата е во процес на собирање потписи за формирање политичка партија.
Македонија
Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани

Преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека за таа цел се превидени повеќе од 40 милиони денари, одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична енергија.
Мицкоски нагласи дека Македонија има најниска цена на електричната енергија, што не е случај со државите од соседството кои што имаат зголемување на цената на струја од 15, 20 па и 30 проценти.
„Но, она кое што исто така можам да го кажам во многу период на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада 14 месеци, ние немаме покачување на електричната енергија за домаќинствата што не е случај во околината.
Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена, 15,20 па во некои држави од соседството и 30 проценти. Така што и според Евростат и според сите параметри ние сме држава во Европа која што има најниска цена на струја за или една од двете, трите најниски цени за електрична енергија за домаќинствата.“, посочи премиерот Мицкоски.