Скопје
„Вино скоп 2015“ почнува во среда
Деветтиот фестивал на виното „Вино скоп 2015“, ќе се одржи од 30-ти септември до 4-ти октомври зад спортскиот центар „Борис Трајковски“, на паркингот кај скопски „Аква парк“.
Деветтиот фестивал на виното „Вино скоп 2015“, ќе се одржи од 30-ти септември до 4-ти октомври зад спортскиот центар „Борис Трајковски“, на паркингот кај скопски „Аква парк“.
„На фестивалот е потврдено учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови, кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино. Целта на манифестацијата што ја организираме е промоција на нашите винарии коишто прозведуваат квалитетни вина што се познати и надвор од нашата држава. Ги повикувам граѓаните на Скопје да дојдат и да уживаат во прекрасните вина и добрата музика на Вино Скоп 2015“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.Тина Мицковска, од организацијата „Темов“, најави дека како и претходните години на фестивалот најзастапени ќе бидат домашните изведувачи и посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма исполнета со: шлагери, рок, популарна музика, преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба,труба… Годинава за да биде што повесело на „Вино Скоп“ ќе се погрижат: Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Бојан Маровиќ, Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover’s Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ ( Бајага и Инструктори) и други.„Поради тоа што фестивалот од година в година има се поголем број посетители, а плоштадите се во изградба, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на паркингот кај Аква парк каде што има голем простор со капацитет за повеќе посетители, како и паркинг места“, изјави Фимка Шопова од организација „Темов“.За реализација на овој фестивал на виното „Вино Скоп 2015“, Градот Скопје од буџетот издвои 500.000 денари, а традиционално го организира „Темов“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

