Забава
Новото работно време го загрозува Мачу Пикчу
Предлогот да се продолжи „работното време“ на Мачу Пикчу, односно времето во кое посетителите може да направат обиколка на ова древно место, отвори нова дебата за тоа дали туристите може да му наштетат на светиот град на Инките.
Рене Конча Лесама, гувернер на регионот Куско, предложил ново време во текот на кое посетителите би можеле да направат обиколка во градот на древните Инки и тоа во две смени, од 08 до 13 и од 13 до 20 часот.
Така бројот на туристи би се зголемил двојно, пренесува Daily Telegraph, повикувајќи се на податоци од сајтот Peru21. Моментно ова свето место, заштитено од страна на УНЕСКО, го посетуваат 2.500 туристи дневно, кои својата посета мора однапред да ја резервираат.
Меѓутоа, овој предлог во Јужна Америка наиде на остри критики, баш како и предлогот за изградба на аеродром во близина на Мачу Пикчу, кој би можел да прими авиони до големина на моделот А380.
Крис Мос, автор на повеќе туристички водичи за Перу, добро е запознаен како со културното богатство на земјата, така и со желбите на посетителите.
„Перу би требало да размислува за популаризација на други места, како на оние наследени од Инките, така и на оние кои не се во знакот на тој древен народ“, смета Мос издвојувајќи ги Чокекирао, Морај и Хуака дел Сол. На тој начин, наведува, би се намалил бројот на оние кои исклучиво сакаат да го посетат Мачу Пикчу.
„Поголемиот број на стапала кои би оделе на тоа тло би можело дополнително да го оштети ова место“, смета тој.
Стјуарт Вашингтон, шеф на туристичката организација Jorney Latin America наведува дека ситуацијата сé уште е неизвесна и не прецизирал дали работното време ќе биде продолжено.
„Моментно времето за посета е од шест часот наутро, за оние кои сакаат да го набљудуваат магичното изгрејсонце, до 17 часот, токму на време да се фати возот за градот Куско“, објаснува тој, изразувајќи загриженост дека новото работно време би можело да ги загрози Мачу Пикчу.
УНЕСКО најави дека за продолженото работно време ќе разговара дури кога предметот официјално ќе се најде пред Комитетот за заштита на светските градини.
Последниот извештај за Мачу Пикчу од 2012 година содржи одредници според кои ова место наскоро би било прогласено за официјално загрозено, за да се заострат мерките за заштита и подобрување на состојбата во која се наоѓа.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

