Македонија
МВР реагира на скандалот на работилницата на ОБСЕ
Министерството за внатрешни работи (МВР) изрази во средата жалењеза скандалот во однос на инцидентот на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) каде требаше да се одржи регионалната работилница организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и истакнува дека револтот на полициските службеници кои го искажале со напуштање на просторијата, е разбирлив со оглед на фактот што во улога на предавач, односно инструктор се јавува лице кое секојдневно ја напаѓа и навредува полицијата.
„Министерството за внатрешни работи јавно апелира до Мисијата на ОБСЕ во Скопје во иднина да прави проверки кого ангажира, бидејќи е неприфатливо лица кои нанесуваат штети од стотици илјади евра, кои рушат споменици, ја напаѓаат и навредуваат полицијата во исто време да бидат и нејзини едукатори“, се наведува во писмената реакција на МВР.
Без наведување на поединости за инцидентот, Министерството постетува дека во минатото со Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат заедничка и повеќе од успешна соработка со голем број на реализирани проекти, работилници и обуки, за кои се надеваат дека ќе продолжат и во иднина.
Според дел од медиумите и порталите, станува збор за ангажманот како преведувач на Павле Богоевски, кој е познат како граѓански активист на социјалните мрежи и еден од предводниците на ткн „Шарена револуција“, а полицајците реагирале со демонстративно напуштање на работилнциата затота што го препознале „како лице кое секојдневно ги навредува полицајците, ги гаѓа со боја, им посакува смрт“. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

