Контакт

Македонија

СЈО ќе поднесе две обвиненија

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во текот на денот,  до Кривичниот суд ќе поднесе две обвиненија, соопшти на прес-конференција специјалната обвинителка Катица Јанева, на која го презентираше вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО. Ово извештај Јанева ќе го достави и до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.

dobivaj vesti na viber

Првото обвинение е поврзано со случајот „Тврдина“ за кое СЈО товари седум лица, а второто е поврзано со наводно нарачано насилство врз градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за кое СЈО поднесе обвинение против 14 лица.

Првото обвинение е поврзано со незаконското прислушување и се однесува на уништување на документацијата поврзана со системите за прислушување од кои наводно се вршело неовластеното масовно прислушување.

СЈО до Кривичниот суд ќе поднесе обвинение против седум лица, сите од Управата за безбедност и котраразузнавање.

Како што информираше обвинителката Фатиме Фетаи, првообвинетиот во случајот на незаконски начин формирал Комисија при што биле уништени 2.047 служебини списи. Во своето обраќање таа, исто така, рече дека СЈО прибавило докази кој, како и зошто прислушувал.

Второто обвинение во кое според СЈО се опфатени 14 лица (од кои пет лица се обвинети како поттикнувачи и девет како директни извршители на насилство) е поврзано нарачано насилство врз градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Македонија

„Супорт Кочани“: Никој нема да биде сам, пристигна втора пратка компресивна облека за повредените во пожарот

Објавено пред

Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година, соопштија од оваа гражанска иницијатива.

dobivaj vesti na viber

Во оваа пратка, како што информираат, се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица.

„Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе денес е доставена на Општата болница во Кочани.

Фактурата за оваа пратка, во износ од 283.802 денари, е целосно исплатена од страна на Support Kocani.

Ова е втора по ред испорака на компресивна облека што ја обезбедува иницијативата. Претходно, Support Kocani целосно ја покри и првата пратка во вредност од 923.458 денари, со што вкупниот износ за двете набавки изнесува 1.207.260 денари, односно 23.560,37 евра – средства обезбедени исклучиво преку донации од хумани граѓани, фирми и поддржувачи од земјата и дијаспората.

Голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош за што поголем број повредени лица“.

Како што велат, во време на болка, солидарноста е најголем лек.

Од граѓанската иницијатива потенцираат дека никој нема да биде сам.

„Делата зборуваат многу погласно од зборови, а ние не застануваме, продолжуваме посветено и одговорно, сè додека постои потреба и сè додека има луѓе што веруваат во хуманоста,“ порачаа од „Супорт Кочани“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Не е безбедна употребата на „БТР 80“ бидејќи се оперира низ стрмни и тесни улици со остри кривини, вели Ангелов по прашањата дали истите се користат за гаснење на пожари

Објавено пред

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6 тона и еден Пинцгауер од 1,5 тона на ДЗС, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, откако во јавноста беа поставени прашања дали истите се ставени во употреба за гасење на актуелните пожари.

dobivaj vesti na viber

„Бидејки се оперира низ населени места со стрмни и тесни улици со остри кривини сметам дека не е безбедна употребата на БТР 80. Две од овие возила подготвивме за транспорт во фабриката Самоков бидејки со 6 тонски резервоар за вода и моќна пумпа со домет до 100 метри можат значително да помогнат во одбрана на фабриката доколку за тоа се појави потреба. Но, бидејки пожарот беше ставен под контрола на потегот кон фабриката, одлучив истите да не се транспортираат таму“.

Возилата, појаснува Ангелов, се уредно тестирани од соодветни стручни лица и институции, со поминат технички преглед и се регистрирани на име на ДЗС.

„Сепак, како непосредно одговорен за овие специјални возила, дадов наредба да бидат тестирани и во реални услови. Затоа, учеството од овие и следните неколку денови ги сметам за тест возења, за тестирање на реалните можности на возилата, пумпите и посадите.

Откако ќе се увериме дека специјалните возила се доволно ефикасни и безбедни за употреба, во зависност од потребите на терен, нивниот број постепено ќе се зголемува.
Од дводневната употреба, слободно можам да кажам дека сум презадоволен од нивната ефикасност“, нагласува директорот на ДЗС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосно нормализиран сообраќајот на граничниот премин Блаце, на другите премини нема подолги задржувања

Објавено пред

Од 09:00 часот, сообраќајот на граничниот премин Блаце е целосно нормализиран за сите видови возила, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Поради завршување со градежните работи на “Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Не е безбедна употребата на „БТР 80“ бидејќи се оперира низ стрмни и тесни улици со остри кривини, вели Ангелов по прашањата дали истите се користат за гаснење на пожари

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6...

Македонија2 часа

(Видео) Кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата, прогласи Владата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со...

Македонија4 часа

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода...

Македонија5 часа

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа...

Топ5 часа

Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка. Според информациите на МВР,  вчера во...

Македонија8 часа

Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција...

Македонија9 часа

(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила...

Македонија9 часа

(Видео) Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

За пожарот, кој во неделата околу пладне избувна покрај магистралниот пат, кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се...

Македонија9 часа

Недоволниот буџет и застојот во инвестициите го поткопуваат здравствениот систем, покажува ревизијата

Државниот завод за ревизија објави дека 23 програми за здравствена заштита во 2023 година се реализирале со недоволни средства, што...

Македонија9 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера интензивно го гаснат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени над 70 тони вода

Денеска, од раните утрински часови, два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, „бел 412“ и „агуста бел...

Македонија10 часа

Скопскиот Регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа во државата се евидентирани вкупно 32 пожара на отворен простор, информираат од Центарот за управување со...

Македонија11 часа

Пожар во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и на вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола избувнал пожар како резултат...

Европа11 часа

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија...

Свет12 часа

Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на...

Свет12 часа

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет13 часа

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија13 часа

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа...

Свет14 часа

Акциите на „Тесла“ потонаа откога Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ19 часа

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...

Македонија22 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....