Македонија
Заев: Нашиот заеднички копнеж се остварува, доаѓа слободата

Отворете ги срцата и почувствувајте, нашиот копнеж се остварува, доаѓа слободата, порача во своето новогодишно обраќање лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Незапирлива е нашата волја! Незапирлива е нашата одлучност! Никој повеќе не може да се испречи на промените што почнаа! Знаете ли зошто почитувани граѓани? Затоа што, ова повеќе не е само надеж. Ова е одлука во душата на секој од нас и ова е заедничка одлука. Незапирлива е одлуката да си го вратиме животот. Незапирлива е одлуката да си ги задржиме децата дома. Незапирлива е одлуката да живееме заедно, да бидеме еднакви, да бидеме спокојни. Нема повеќе крпен живот! Ќе ги спуштат главите оние кои повредуваа, крадеа, лажеа и ќе вратат се што одзедоа!“, вели Заев во своето обраќање по повод Нова година.
„Се сеќавате, побаравме светлина кога влеговме во 2015 година. Вистината во 2015 ни го осветли патот. По вистината, секогаш доаѓа правдата. 2016-та година ќе биде година на правдата. Ќе можеш да ја добиеш во правични институции. Ќе живееш во правично општетство. Затоа што, на правични избори ќе одлучиме праведно, за себе, за своите деца, за иднината на нашата заедничка држава. Заедно ќе го направиме тоа. Погледнете во стегнатите дланки на безброј луѓе чии копнеж се остварува. Ако твојата дланка сеуште не е таму – Јас ти подавам рака! Дојди! Приклучи се! Создаваме сегашност за сите! Иднина за сите! Отвораме шанса за сите! Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од срце ви ја честитам Новата, Слободна, 2016-та година!“, порачува Заев во новогодишното обраќање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Синоќа повторно предизвикан пожар во „Дрисла“

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
„На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму со тоа што брзо пристигнаа нивните возачи“.
Еден час подоцна, појаснува Ангелов, пожарот бил изгаснат и затрупан со што како што нагласува, е спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.
Македонија
„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.
Македонија
Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).