Македонија
Полицајците ќе се контролираат со мобилен систем за снимање
Со мобилен систем за снимање со камери поставени на полициските службеници ќе се документираат полициските постапки.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли ја промовираа новата опрема вредна 65.000 долари и е донација на амбасадата на САД во Македонија и се состои од камери, поддршка на системот и обуки на полициските службеници на терен, нивните раководители и експерти за информатичка технологија.„Целта на овој проект е преку снименото документирање на постапките во врска со преземените службени дејствија да се обезбеди законитост во постапувањето, да се отстранат пропустите во работата, обука и унапредување на полициското постапување, контрола на полициските службеници од страна на нивните претпоставени, превенирање на појави на злоупотреби и корупција, како и утврдување на основаноста на поплаките од граѓаните“, појасни Чавков.Споеред амбасадорот Бејли, голем проблем преставува кога анкетите покажуваат дека граѓаните на Македонија сметаат дека корупцијата е широко распостранета во владините институции вклучувајќи ги и полицијата и правосудството.„За жал ниту еден дел од Владата не е имун на корупција, не е овде, не е ниту во мојата земја. Она што е важно е државните службеници да се справуваат со тоа, а да не дозволуваат неказнивоста да владее. За да се постигне оваа мисија потребно е полициските организации да спроведуваат транспарентен процес на унапредување и на заслужено ангажирање на своите претставници. Да ги почитуваат правилата и процедурите коишто се засновани на почитување на човековите права и на демократските начела, да поддржуваат командна структура која што е посветена на отчетнсот, транспрентност и еднаквост“, рече Бејли.Најтраспространтната форма на корупција во полицијата во светот, според него, е кога полициски службеници примаат мито за да не постапуваат или да не преземаат акции против лица кои прекршиле сообраќајни правила./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

