Контакт

Македонија

Во неделата издадени потврди на 1.941 мигрант

Објавено пред

Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 1.941 странски државјани, од кои 1.069 се од машки пол, 305 се од женски, 491 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–1.267,  Сирија-424, Ирак-250 и други во помал број. 

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 19-ти јуни до 29-ти ноември издадени се потврди на вкупно 292.733 странски државјани, од кои, 168.828 се од машки пол, 45.816 се од женски, 62.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.620 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-174.185, потоа Авганистан-69.909, Ирак-27.201, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29-ти ноември, до Секторот  за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29-ти ноември евидентирани се вкупно дваесет и три баратели на азил од кои дванаесет баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита,  четири баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател и двајца мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

Објавено пред

Шукова говори за тоа што му недостига на Скопје и тоа би било во ред доколку само пред една година таа не беше токму министер за животна средина и просторно планирање, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Таа како министер имаше можност и простор да направи план за намалување на аерозагадувањето, за зелени површини, за еколошки јавен превоз, но сепак таа одлучи да му слугува на Ковачевски, а во реалноста на Заев.

СДС и Шукова ниту имаат план ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани. Тоа е видливо затоа што единствен ‘успех’ на СДС во Скопје за подобрување на животната средина е зелената површина на Шилегов на плоштадот“.

Времето на Шукова, додаваат од партијата на власт, заврши уште пред да почне. На граѓаните, според нив, им е преку глава од лажни ветувања, кои знаат дека нема да се реализираат.

„Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ постепено ќе ги градат темелите на промените во Скопје“, нагласуваат од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

За еден месец, 80 лица се сретнаа со министерот за здравство, Алиу, преку „Отворен кабинет”

Објавено пред

Од

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет“ се сретнаа со министерот за здравство, Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамките на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување, велат од Министерството.

„До овој момент одговорено и постапено е по 29 отсто од барањата, за некои потребни се системски унапредувања, кои веќе се иницирани, а за преостанатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување“, се наведува во соопштението.

За потсетување, министерот Алиу во текот на утрешниот ден е на терен во Штип во рамките на иницијативата „Мобилен кабинет“, каде што од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница – Штип и сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.

За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна преку интернет-страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/

Прикажи повеќе...

Македонија

Шукова: Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна

Објавено пред

Од

Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна, смета Каја Шукова од СДСМ, која е кандидат за градоначалник на Скопје. Според неа, тоа е последното нешто што му треба на Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што вели Шукова, кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот.

„Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам. Граѓаните на Скопје заслужуваат уреден кеј со велосипедски и трим-патеки, урбана опрема, зеленило и чист воздух. Тоа е визијата што ќе ја бранам, кејот како градска оаза за спортување, пешачење, семејни прошетки и живот. Што му треба на Скопје? Сериозен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Наместо да се фрлаат нереални идеи, кои звучат добро на хартија, а се катастрофа во реалноста, ќе предложиме нов, модерен систем на јавен превоз, кој ќе биде брз, достапен, чист и одржлив. Ќе го дигнеме јавниот превоз од пепелта во која ВМРО-ДПМНЕ го остави да тоне четири години. Моја заложба како кандидатка за градоначалничка е јасна – Скопје ќе биде град за луѓето. Град на велосипедисти, мајки со деца, спортисти, рекреативци, ученици, пензионери“, објави Шукова на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ3 часа

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија3 часа

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија4 часа

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија4 часа

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија4 часа

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија4 часа

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија5 часа

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија5 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ6 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет7 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет8 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет8 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија8 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија18 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија20 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија21 час

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија1 ден

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ1 ден

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...